Наташа Јованоска Атанасова

виолончело

Своето музичко образование го започнува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во 2005 година во класата на проф. Марија Кочарова. Образованието го продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Живко Фирфов, во чија класа и дипломира.

Во текот на своето образование, активно настапува во различни камерни состави. Меѓу најзначајни нејзини настапи се издвојуваат настапот на германскиот оперски фестивал “Gut Immling”,како надворешен соработник на камерниот состав “Georgian Sinfonietta” од Грузија и настапот на манифестацијата „Денови на македонска музика“ со гудачки камерен оркестар како водач на својата група. Настапите на „Скопско лето“ и „Охридско лето“ како член на Музичката младина на Македонија се од особено значење, а редовно настапува и со камерниот оркестар „Скопски солисти“ каде што од 2017 година е водач на група виолончела. Член е на Македонската филхармонија од 2015 година каде што добива можност да соработува со светски познати солисти и диригенти.

„Огромна чест и задоволство е да се биде дел од оркестарот на Филхармонија. Тука се чувствувам своја и исполнета.Исто така, уживам и во добра храна, патувања, пиво, билјард и рок, снежни денови… ама најмногу од сѐ уживам во времето поминато со моето семејство“.

Skip to content