Александар Лаовски

виола

Роден е во Скопје. Лаовски е дипломиран виолист на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Фросина Балова. Член е на оркестарот на Македонската филхармонија од 2017 година – виола тути. Од 2015 до 2017 година, работи како соработник во оркестарот на Македонската опера и балет. Добитник е на втора награда на 42. државен натпревар по виола, поседува диплома за учество на интернационалниот оркестар “Animato foundation” и е негов член во 2018 година. Член е и на оркестарот на Музичка младина на Македонија од 2012 година. Активно настапува со различни оркестри во повеќе градови низ Македонија и соработува со бројни солисти од Македонија, како и од странство.

„Во слободно време сакам да се занимавам со спорт, особено трчање и возење велосипед. Уживам во пријатна дружба со блиските пријатели. Љубител сум на патувањето и сум верен обожавател на фудбалскиот клуб “Барселона”.

Skip to content