Никола Ристевски

тромбон

Средното музичко образование го започнува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата на проф. Ташко Тодоров. Во истата класа продолжува и со дипломски, а во 2015 година завршува и магистерски студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Уште од најмлада возраст учествува на многу натпревари и концерти во државата, но и на натпревари надвор од неа, како што се Бугарија и Италија. Член е на младински меѓународни оркестри во Бургас, Бугарија, како и на “CEI”, со кој настапува во Австрија, Словенија, Италија.

Член е и на Светскиот младински џез-оркестар со кој настапува на неколку европски турнеи и снима носач на звук во 2018 и 2019 година. Хонорарен соработник е од 2010 година во повеќе оркестри, како што се:Македонската филхармонија, оркестарот при МОБ, оркестарот за снимање филмска музика F.A.M.E.’S., Биг бендот на МТВ, Биг бендот на ЗЏМ. Од 2019 година е редовен член на секцијата тромбони на Македонската филхармонија. Во слободно време организира концерти за своите пријатели.

Skip to content