Марко Виденовиќ - ВИОЛА
водач на виоли
Роден е во 1980 година во Крушевац, Србија. Основно и средно музичко образование завршил во Битола, а со високо образование се стекнал на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот за виола. Како член на повеќе камерни состави и ансамбли („Бревис квартет“, „Мјузик прогресив квартет“, ансамблот за современа музика „Алеа“, Битолски камерен оркестар, Младински оркестар на Југоисточна Европа, оркестарот на Музичка младина на Македонија, Камерниот оркестар на Македонската филхармонија и др.), настапувал на подиумите во Македонија и во светот. Свој удел како композитор и аранжер имал во филмовите „Трето полувреме“ и „Балканот не е мртов“, како и комплетен автор на музиката што ја изведува „Мјузик прогресив квартет“.
„Горд сум што сум член на Македонската филхармонија повеќе од дваесет години. Пишувам поезија, цртам карикатури, компонирам и ја обожавам природата“.