Димитар Михајловски

виолина

Роден е во Битола во 1993 година.Своето музичко образование го започнува во Битола во класата на проф.Ванчо Стоилков. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф.Љубиша Кировски. Во текот на своето образование, учествува на повеќе натпревари каде што забележува бројни награди во соло-категории, како и во категории за камерна музика.Во 2009 година го освојува државниот натпревар на музичко-балетски педагози за сите инструменти каде што добива три соло-концерти низ државата и настапува како солист со Македонската филхармонија.Два месеца подоцна, прогласен е за прв лауреат на меѓународниот натпревар „Арс Косова“во Приштина – победник на целиот натпревар во конкуренција со победниците од сите категории.

Учесник е на повеќето музички фестивали во државата:„Битфест“, „Скопско лето“, „Охридско лето“,„Денови на македонска музика“,„Виолин фест“… Остварува успешни турнеи надвор од државата со повеќе оркестри.Tурнејата на Cei youth orchestra под диригентската палка на Игор Коретиво Италија и во Романија, 11 концерти со диригентот Миша Катц во Македонија,Србија и Романија каде што настапува како солист со оркестарот Јeunesse moving orchestra.Во 2020 година, по успешниот концерт како концерт-мајстор на „Охридско лето“ со популарните Duoglass,учествува во оркестарот на академијата YehudiMenuhin и настапува заедно со светскиот виолинист Максим Венгеров на овој наш најголем фестивал за класична музика.

„Посебно сум горд што сум дел од оркестарот на Македонската филхармонија.Уште од најрана возраст тоа ми беше работа од соништата.Особена чест и задоволство ми претставуваат сите концерти на кои сум имал шанса да соработувам со разни врвни солисти и диригенти од целиот свет.Хедонист сум,ја сакам храната.Уживам во добра храна и пијалак по концерт.Обожавам деца,искрени се како музиката“.

Skip to content