Skip to content

Влатко Митев

перкусии

Роден е во Струмица во 1970 година.Своето средно музичко образование го започнува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје на ударни инструменти(перкусии) во класата на проф.Емил Клан и проф.Зоран Спасовски. По завршувањето на средното музичко училиште, се запишува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф.Емил Клан, а дипломира кај проф.Зоран Спасовски.Во 1991година, добива стипендија од Македонската филхармонија сè до неговото завршување на студиите во 1995година. Следната година станува редовен вработен член–перкусионист во Македонската филхармонија.Свирел во повеќе ансамбли, камерни состави и восимфониски оркестри, меѓу кои и со камерниот ансамбл „Света Софија“, „Скопски дувачки квинтет“, квартетот „Гајдов“„М.П.КВАРТЕТ“ од Скопје, чии членови го поканија да им биде гостин на снимањето на нивното најновоцеде.

Од Турската национална телевизија беше поканет да биде член на Балканскиот оркестар, кој настапи во рамките на „Балканскимузички фестивал“што се одржа во Скопје. Настапувал на „Скопско лето“, „Битолско лето“, „Охридско лето“, а ина фестивали во Хрватска,Србија,Босна,Бугарија,Црна Гора, Косово, Албанија, Германија, Оман, Кина, Шпанија и др.