Благоја Антовски

перкусии

Благоја Антовски е дипломиран музичар на ударни инструменти на ФМУ Скопје, и магистранд по џез музика (џез тапани) на УГД Штип. Надворешен соработник во Македонска филхармонија од 2017, а вработен во истата од јануари 2022 година. Како ученик и студент се здобива со многу признанија и награди, една од позначајните е третото место за камерна музика заедно со Зоран Кирјаковски и Атанас Алексов на престижниот “Coupe Mondiale” во Копенхаген 2002. Создавач на авторска музика од 1999 год. и професионално активен од 2002 год. Ангажиран на проекти од различен карактер (пр. различни ТВ и студиски ангажмани, театарски проекти, едукативни активности за деца итн.). По четири години работа како приватен тутор, во 2013 почнува да ја води класата за тапани и перкусивни инструменти во rock&roll музичкото училиште Ентерпрајз, од 2013 задолжен за менторство и подготовка на полугодишни и завршни музички поп-рок концерти на ученици на возраст од 5-20 години. Од 2021 до 2022, продолжува со приватно тутурство по тапани. Во 2013 е ангажиран како тапанар/ перкусионист во МРТВ Биг Бенд со кој изведува голем број проекти и јавни манифестации се до запирањето на работата на Биг Бендот во 2016. Класична и џез музика свири во различни состави. Во 2015, ја основа џез групата Белучи Квартет со која низ годините изведува авторска џез музика. Во 2019, остварува соработка со ЗЏМ Биг Бенд. Дел е и од перкусионистичкото трио “Рас Два Три”. Во 2018, заедно со уште тројца колеги тапанари, го основа здружението за поддршка на тапанари во Македонија, со иницијативата „Skopje Drum Talks”. Првиот авторски бенд кој го создава во 1999 година е SMUT, со кој има издадено 5 студиски албуми. Во 2006 станува дел од групата Нокаут, а набрзо почнува соработка и со Каролина Гочева. Во 2014 станува член на Флека и на The Black and Vice Social Club. Во периодот до 2014 остварува соработка со голем број артисти како: Калиопи, Tavitjan Brothers, Гоце САФ, Архангел, Легијата, Тони Зен, Слаткаристика, итн. Во своето целосно професионално искуство (до денес) има изведено повеќе од 350 концерти низ Македонија и повеќе од 70 концерти во странство (Балкан, Словенија, Романија, Турција, Швајцарија, Шведска, Финска, Данска, САД, итн).

Skip to content