Александра Чуруковска
контрабас
Родена е во 1995 година во Битола. Средно музичко образование започнува и завршува (2010– 2014) во ДМУ во Битола, во класата на проф. Никола Баљаревски. Продолжува со студии на Факултетот за музичка уметноство Скопје(2014) во класата на проф. д-р Петруш Петрушевски и проф. Велко Тодевски, а дипломира во класата на проф. Александар Поп-Христов(2018).
Во 2013 година, учествува налетен музички камп за индивидуална настава, симфониски оркестри и камерни состави при менторите за контрабас проф. Lawrence Hurst Archivest и проф. Jack Budrow на школата Interlochen во Мичиген, САД.
Во 2016 и 2018 година, со особена чест настапува како солист со Македонската филхармонија. Во 2017, 2018 и 2019 година беше дел од турнејата со младинскот симфониски оркестар ESYO под диригентската палка на маестро Игор Корери Курет во Италија. Во 2018 и 2019 година, исто така, беше дел од Балканскиот симфониски оркестар – Филхармонија пионер во Бугарија (Пловдив и Варна). Од 2015 година е член на младинскиот камерен оркестар „Саша Николовски-Ѓумар“ и во Камерниот оркестар на Битола.
Како хонорарен соработник има настапувано со повеќе оркестри, меѓу кои и Македонската опера и балет, Косовската филхармонија, F.A.M.E.’S.Project и Македонската филхармонија, каде што во 2019 година стекна работен однос во групата на контрабас тути.