Љупка Каевиќ

виолончело

Љупка Каевиќ е родена во 1991 година во Скопје. Од 2020 година е редовен член
на оркестарот на Македонската филхармонија. Основно и средно образование
завршува во ДМБУЦ ,,Илија Николовски-Луј“, а студии на Факултетот за музичка
уметност ,,Гоце Делчев“ во Штип во класата на проф. Паскал Краповски.
Како виолончелист во текот на образованието има освоено награди на
државни и на меѓународни натпревари. Во 2008 година, настапува во Германија
со Камерниот оркестар на „Илија Николовски-Луј“, предводен од проф. Ле
Фифи. Во 2009 година, настапува со “KFX Orchestra“ во Котор. Со Македонската
филхармонија како солист (подиум на млади) настапува во 2010 и 2013
година. Исто така, како солист нижи многу настапи во нашатадржава и надвор од неа.Член е на гудачкото трио “4strings”, со кое настапува во нашатадржаваи во странство. Настапува со разни камерни ансамбли (оркестри), меѓу кои и
камерниот оркестар „Скопски солисти“. Со квартетот “Passionis” и проф. Борче
Наумоски во 2018 година настапува во Њујорк каде што имаа одличен концерт.

Од 2015 до 2017 година е професор по виолончело во ДМБУЦ „Илија Николовски-
Луј“. Како професор постигнува голем успех, а за тоа сведочат многубројните
награди на учениците. Како надворешен соработник настапува и со
оркестарот на Македонската опера и балет (оркестрант –виолончелист).
Посетува семинари кај врвни светски виолончелисти: Astrit Selita, Johannes
Moser, Michal Kanka, Vida Vujic, Gal Faganel…

„Да се биде член во оркестарот на Македонската филхармонија за мене
навистина претставува огромно задоволство и гордост. Освен што сум фанатик
на музиката, го обожавам спортот, природата, убавите дружби со пријателите,
добрите книги. Она што ме води низ животот е љубовта, со помош на неа
постигнувам успеси и сум среќна и исполнета личност“.

Skip to content