Пијанистката Билјана Димовска е родена 1978 година во Битола. Во 2000 дипломира, а во 2003 и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на отсекот по пијано, во класата на проф. Тодор Светиев. Има настапувано на повеќе значајни манифестации во нашата земја: „Денови на македонската музика“, „Скопско лето“, „Битолско културно лето“ „Хераклејски вечери“, „Прилепско лето“, „Денови на полската култура во Македонија“, „Музички вторник“, „Златна лира“, „Интерфест“ – Битола. Добитничка е на повеќе државни и меѓународни награди, меѓу кои и Прва награда на Интернационалниот натпревар во Бугарија „Нашите деца го свират Бах“ и Специјална награда „Стефан Трајанов“, на истиот натпревар. Настапувала како солист со Македонската филхармонија и со Симфонискиот оркестар при ФМУ. Настапува и како камерен музичар, а во 2005 заедно со саксофонистот Боби Коминовски, снимија и цеде. Има учествувано на повеќе семинари и мастеркласи кај светски познати пијанисти. Од 2000 е вработена во Државното музичко училиште во Битола како професорка по пијано. Пијанистката Татјана Божиновска е родена во 1980 година во Битола. Во 2002 дипломира, а во 2005 магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек пијано, во класата на проф. Тодор Светиев. Во 2014 ги завршува и докторските студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје, под менторство на проф. м-р Тодор Светиев и прoф. д-р Димитрије Бужаровски. Има одржано повеќе концерти и рецитали: Бугарија, Србија, Романија, Франција, Италија, Америка, Хрватска, Австрија, Норвешка, Полска, Турција... Настапила како солист со Македонската филхармонија и со Битолскиот камерен оркестар. Има настапувано на повеќе значајни манифестации како: „Охридско лето“, „Денови на македонската музика“, „Скопско лето“, „Хераклејски вечери“, „Битолско културно лето“, „Штипско лето“, „Прилепско лето“, „Пролетни вечери“, „Есенски музички свечености“, „Денови на полската култура во Македонија“, „Ден на културата во Битола“, „Музички вторник“, „Златна лира“, „Интерфест“ - Битола. Член е на триото „Интерарт“ со кое активно концертира во земјата и надвор, на меѓународни фестивали и натпревари, а имаат снимено и три цедеа. Добитничка е на повеќе државни и меѓународни награди: Прва награда на Интернационалниот натпревар во Бугарија „Нашите деца го свират Бах“; Специјална награда за најдобра изведба на романско дело и Специјална награда „Gheorghe Halmos” за најдобра пијанистичка интерпретација на „Aperto“- Интернационален натпревар за камерна музика во Букурешт, Романија; втора награда на Интернационалниот натпревар за пијанисти – „Интерфест“- Битола; Прво место, односно Diploma d’Onore на „Tornero internacionale di musica“– Меѓународниот натпревар за камерна музика во Париз, Франција - како член на триото „Интерарт“, Прва награда на Интернационалниот натпревар „Соправиста“ - Италија, како член на дуото пијано Божиновска-Димовска. Во 2006 го доби највисокото битолско признание „4 Ноември“ - како член на триото „Интерарт“. Учесничка е на европскиот проект „Пијано рефлексија на европската култура“ кој се одржува во пет земји: Франција, Австрија, Молдавија, Полска и Македонија (2009-2011). Од 2002 е вработена во Државното музичко училиште во Битола како професорка по пијано. Дуото пијано во состав: Татјана Божиновска – Билјана Димовска, делува заедно од 2009 година и на својот репертоар има програма од периодот на барокот, па се до модерната музика. Овој состав досега има одржано повеќе рецитали низ земјата: Битола, Ресен, Прилеп, Охрид, Скопје, Штип, Гевгелија, Кавадарци, Велес, како и на фестивалите: „Интерфест“-Битола, „Битфест“-Битола, „Златна лира“-Скопје, „Прилепско културно лето“-Прилеп, „Музички моменти“-Гевгелија. Во 2013 година излезе и нивното прво цеде. Во 2021 година, дуото ја освои Првата награда на Интернационалниот натпревар „Соправиста“ во Италија.
Назад
