Skip to content

Сара Линам Мецосопранистката со британско-новозеландско потекло неодмана на сцената во Британија дебитираше во „Приказна од западната страна“ на Бернштајн, а нејзината изведба критиката ја оцени како „исклучително колоритна и повеќеслојна. Во нејзината биографија се впишани низа улоги во мјузиклите: „Stand and deliver“, „Jack and the spase vixens“, „Волшебикот од Оз“, „Алиса во земјата на чудата“, „Хансел и Гретел“, „Страв во темнината“, „Јас сум позната, пуштете ме да си одам!“, „Убиство во црквата на Христос“ и др. Сара Линам студирала пеење во Музичкиот театар во Лондон, и актерство на Универзитетот во Ваикато.