Џорџ Џексон

Џорџ Џексон е диригент, за кој критиката вели дека е препознатлив по ширината и посветеноста на својата работа – без разлика дали станува збор за оперска продукција, симфониски репертоар или современи партитури, тој успева да изгради силни врски со оркестрите што ги води. Во септември 2022 година, Џексон го започнува својот мандат како музички директор на симфонијата Амарило, која следната сезона прославува 100 години од формирањето. Исклучителниот нерв во подготвувањето сложени партитури му донесе постојан ангажман и со ансамблот „Интерконтемпораин“, со кој ја објавија светската премиера на „Рајх/Рихтер“ на  американскиот композитор Стив Рајх, под етикетата на „Nonesuch Records“. Во последно време сѐ повеќе е баран како гостин-диригент кај европските оркестри, кои го ценат неговото „бестрашно“ диригирање и темелната техника на подготовка како составен дел од неговите оркестарски проби. Критичарите на британски „Телеграф“ и „Гардијан“ не ги штедат зборовите за овој диригент, за кого велат дека е „внимателен со емоциите во партитурата и успева да креира одлична атмосфера и приказна со оркестрите што ги води“.

Џорџ Џексон како дете учел виолина, а подоцна бил тапанар и гитарист во повеќе пост-панк, рок и ирски фолк-бендови, развивајќи широк спектар музички вкусови кои се составен дел од неговата уметничка харизма.

Skip to content