Џеврије Туле

Џеврие Туле (2006,Струга ). Своето музичкото образование го започнува на 6-годишна возраст, во ОМУ, Методи Патче во Охрид, во класата на проф. Даниел Чурковски a од 2020 год.го продолжува своето школување  во ДМБУЦ,,Илија Николовски Луј -Скопје  во класата на проф.  Весна Ангелова Христов каде оваа година е матурант.  Учествува во Еразмус +програмата во Копер,Словенија организирано од ЗМП Полихимнија(2022) и Вараждин ,Хрватска (проект на ДМБУЦ ,,Илија Николовски -Луј,,(2024)  Уште од мала возраст се истакнува со големи успеси на државните и меѓународните натпревари по пијано:  2014 -специјална награда (лауреат)на државниот натпревар по пијано  2016,2018 Арс Косова специјална награда (лауреат)  2018 Меѓународен натпревар ЕПТА -Албанија ,прва награда  2016,2017,2018 прва награда државен натпревар по пијано  2016,2017,2018 2021  прва награда Полихимнија   2022 прва награда Полихимнија и специјална награда ,,Јасминка Чакар,,за најдобро изведено дело од Ф.Шопен   Во 2022 година има свој полурецитал во КИЦ и рецитал во рамките на фестивалот Струга фест.  Учествува на голем број семинари и мастер курсеви кај еминентни пијано педагози,Tutu Aydinogly,Eric Lesage,Александар Сердар  2022 година учествува на мастер курс на селектирани студенти на проф.Heribert Koch во Дурен,Германија каде учествува на завршните концерти во Дурен,Келн и Ахен.  Редовно настапува на концерти во земјата и надвор.  2024 година е избрана да настапи со Македонска Филхармонија каде го исполнува Концертот бр 2 од Д.Шостакович. 

Skip to content