Џана Кариман е родена 1989 година во Дубровник. На седум години започнала да учи виолина во уметничкото училиште „Лука Соркошевиќ“ во класата на проф. Иванка Калањ, а во 2011 година ги завршува студиите на Музичката академија во Загреб во класата на проф. Леонид Сокоров. Учествувала на бројни натпревари во земјата и во странство- Натпревар за музика и танц во Загреб (1998, 2000, 2002, 2004), интернационален натпревар „Етиди и скали“ во Загреб (1998, 1999, 2003), интернацинален натпревар „Верди“ во Рим (2001). Добитничка е на први награда на интернационалниот натпревар „Рудолф Матц“ во Дубровник, натпреварот „Бетовен“ во Санкт Пелтен и Интернационалниот натпревар по виолина во Казакстан. Како солистка настапила со Дубровничкиот симфониски оркестар, оркестарот на Хрватската радио телевизија, Сараевска филхармонија, Загрепска филхармонија, Загрепски солисти, Камерен оркестар Задар... Настапувала и во Словенија, Литванија, Франција, Босна и Херцеговина, Австрија, Полска, Лихтенштајн... Во 2015 година ја добива наградата „Стјепан Шулек“ за изведбата на „Четири годишни времиња“ од Астор Пјацола на затворањето на летниот фестивал во Дубровник, каде настапи заедно со Камерниот оркестар на музичката младина на Хрватска под диригентската палка на Павле Зајцев. Како камерен музичар, Кариман учествувала во проекти на младински оркестри во Германија, Унгарија и Австрија. Учествувал на семинари кај познати професори како Л. Сокоров,  M. Сокоров, Г. Кончар, A. Сешек, Г. Зислин, А. Винитски, A. Сокоров, З.Брон, Б. Кушнир, П. Зукерман. Џана Кариман е член на познатиот хрватски камерниот ансамбл „Загрепски солисти“ и концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар.

Skip to content