Skip to content

Станко Мадиќ

Станко Мадиќ (Белград, 1984) студиите по виолина ги започнал на шестгодишна возраст во класата на проф. Роберт Тошков и продолжил со проф. Дејан Михаиловиќ, во чија класа на само 14 години станал студент на Белградската музичка академија, како прворангиран студент на приемниот испит. На 17 години дипломирал како најдобар ученик на својата генерација. Мадиќ е добитник на стипендија од Кралското семејство Караѓорѓевиќ. Магистерските студии на Новосадската државна академија на уметности ги завршил на 19 години, повторно во класата на проф. Михаиловиќ, а студиите ги продолжил во класата на проф. Игор Малиновски, на Музичката академија „Карл Марија фон Вебер“, каде што се стекнува со втора магистерска диплома. Од 2002 до 2008 бил вработен во Новосадската државна академија на уметностите како асистент на проф. Мегуми Тешима, а во меѓувреме се усовршувал следејќи различни мастер-часови кај светски познати виолинисти како Виктор Третјаков и Мидори Гото. Потоа во Операта во Дрезден станал постојан член, а од 2011 до 2018 и концерт-мајстор на Државната филхармонија во Нирнберг. Моментно е концерт-мајстор на Радио-оркестарот на Минхен, но беше и првиот концерт-мајстор на регионалниот оркестар „Ноу Бордерс“, со кој снимија цеде за „Дојче грамофон“ и реализираа светска турнеја. Но, како концерт-мајстор, Станко Мадиќ гостувал во различни оркестри во Германија и во светот, а како солист, камерен и оркестарски музичар настапувал со едни од најистакнатите уметници во светот: Марта Аргерич, Зубин Мехта, Пласидо Доминго, Емануел Пају, Сер Колин Дејвис, Албрехт Мејер... Се разбира, како солист настапувал и во неговата родна земја со сите оркестри. Во 2020 година сними цеде за „БР Класик“ изведувајќи го Концертот за виолина „Далечна светлина“ од Васкс, за кој критиката напиша дека е една од најдобрите снимки на ова дело. Добитник е на први и на специјални награди на многу значајни меѓународни натпревари. Свири на виолина на Карло Карлети од 1908 година, добиена со поддршка на „Комерцбанк“ од Нирнберг, како и на модерна виолина направена специјално за него од Сава Гришенко, познат изработувач на виолини од Минхен.