Со Аватсуџи

Јапонскиот диригент со интернационална кариера Со Аватсуџи (1989) роден во Кјото, е добитник на Втората награда на меѓународниот натпревар по диригирање „Ловро фон Матачиќ“ за 2015 година. Од 2007 до 2011 година, маестро Аватсуџи студира со проф. Нобутака Масуи на Градскиот универзитет на уметностите во неговиот роден град, додека од 2012 до 2015 година студира со проф. Мартин Сигарт на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Грац, Австрија. Во моментов ги продолжува студиите на Универзитетот за уметности во Цирих, Швајцарија, под менторство на проф. Јоханес Шлафли. Маестро Аватсуџи посетувал и мајсторски часови кај врвните диригенти Давид Цинман, Бернард Хаитинг, Еса-Пека Салонен и Колин Метерс. Досега диригирал со Загрепската филхармонија, Јаначек филхармонсикиот оркестар (Чешка), со Филхармонискиот оркестар на Русе, Државниот оркестар на Пловдив (Бугарија), Хрватскиот камерен оркестар, со Симфонискиот оркестар на Осака итн.

Skip to content