Симеон Гошев

Симеон Гошев, 2003, е роден во семејство на музичари и со музиката е во контакт од најраното детството. Неговите први музички настапи се на детски фестивали, каде што пее како солист и во хор. Во 2009г почнува да учи виолина во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата на проф. Ана Кондратенко, наскоро потоа започнува да настапува на државни и меѓународни натпревари. Своето образование го продолжил најпрво во класата на проф. Румен Даимитриев, а потоа со проф. Јелена Туфекчиевска. Во октомври 2022 година, тој започнува со студии на Музичката академија во Љубљана во класата на проф. Јанез Подлеска и асист. Ана Должан. Низ годините има освоено награди на многу меѓународни и државни натпревари. Во 2022 година ја добива наградата на „Фондацијата Илија Николовски-Луј“ за високи достигнувања во текот на школувањето. Во 2024 година освојува златна плакета и специјална награда за најдобра изведба на дело од словенечки автор на натпреварот „Темсиг“. Посетувал семинари и мастер класи кај реномирани професори како: Благоја Димчевски, Пачалин Павачи, Никита Борисо-Глебски, Емилио Перцан, Сихана Бадивуку, Вонџи Ким-Озим, Роберт Лакатош, Марко Симовиќ, Владимир Марковиќ, Галина Којчева, Петра Ковачич, Дан Жу,... Има одржано бројни рецитали низ повеќе градови во Македонија, а годинава (2024), одржа рецитал и во Љубљана во склоп на циклусот на Музичката академија „Соло е да камера“. Во престојната сезона 2024/2025 треба да настапи со камерниот оркестар на Словенечка филхармонија. Свирел како солист со оркестарот на Македонската филхармонија, камерниот оркестар „Саша Николовски-Ѓумар, оркестарот на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Член е во квартетот „Лаит“ каде што свири прва виолина. Горд член е и на камерниот оркестар на ЈМ Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“, со кој има соработувано на многу проекти, меѓу кои како солист на „Охридско лето“ и „Скопско лето“. Како хонорарен соработник свири во Словенечка филхармонија, Љубљанска опера и балет и Македонска филхармонија. Во 2024 остварува концертна турнеја како дел од оркестарот „No Borders“.  Настапувал на фестивалите Охридско лето, Скопско лето, Фестивал Љубљана, Фестивал Равело, академија Ррок класик, Институт „Фејмс“...

Skip to content