Мириан Хухунаишвили

Откако дипломирал на Државниот конзерваториум во Тбилиси, маестро Миријан Хухунаишвили ги завршил и магистерските студии по оркестарско диригирање на Академијата за музика во Краков, Полска, каде што моментно е на докторски студии. Често посетува мастеркласи кај познати диригенти и е добитник на голем број престижни стипендии во Грузија. Редовно добива покани да диригира на грузиските национални фестивали и, секако, активен е како диригент и со Државната опера и балет на Грузија, Националната филхармонија, Државниот симфониски оркестар на Тбилиси, Грузискиот државен камерен оркестар „Синфониета“, оркестарот на Академијата „Бетовен“ во Полска, Грузискиот национален хор... Во 2016 и 2017 година беше шеф-диригент на Студентскиот оркестар на Тбилиси.

Skip to content