ЛУКА ЧАМАРУГИ

Лука Чамаруги е концертен пијанист, радио презентер и музиколог. Од 2007 година секој ден е на италијанското „Радио класика“: а неговата програмата насловена „Il pianista“ е референтна точка во италијанската класична музичка сцена. Пишува и за магазините „Музика“, „Класик војс“, „Суонаре њуз“ и „Кориере дел Тичино“. Соработувал како пијанист и музички консултант во реализацијата на анимираниот филм „Макс и маестрото“ во кој меѓу останатите протагонисти се појавува и Даниел Баренбојм. Во 2020 година излезен неговата книга посветена на Франц Шуберт. Одржува семинари за пијано на академеијата „Пренаесте“ до Рим, на институтот „Брера“ во Новара... Со тенорот Благој Нацоски го изведе вокалниот циклус „Убавата воденичарка“ на лајфстрим во 2020 година на фестивалот „Витербо ин музика“. Од 2010 до 2012 година е уметнички директор на фестивалот „Сетимана ин музика“ кој се одржува во Клусоне.

Skip to content