Дијанг Меи

Неверојатна техника, возбудлив изведувачки стил, логика во фразирањето, ритмичка стабилност и сценска доминација се епитетите кои критиката ги „лепи“ за изведбата на Дијанг Меи. По брилијантниот успех на „АРД – Интернационалниот музички натпревар“ во 2018 година, каде ја освои првата награда, неговата кариера започна интензивно да се развива. Како солист настапувал со Баварскиот радиосимфониски оркестар, со Симфонискиот оркестар на Штутгарт, со Минхенскиот камерен оркестар, со Шкотскиот камерен оркестар. Настапувал со Андрес Шиф, Вадим Глузман, Гунтер Пихлер, Герхард Шулц, Сабине Мејер, Франс Хелмерсон и други. Дијанг Меи е на позицијата прва виола во Минхенскиот филхармониски оркестар од есента 2019 година. Во октомври 2022 година ја има истата позиција и во Берлинскиот филхармониски оркестар. Добитник е на повеќе награди и признанија: прво место на 53. Интернационален музички натпревар „Макс Ростал“ за виола во Берлин (2015)Натпреварот на млади уметници во Рочестер, 19. Интеранационален натпревар „Јоханес Брамс“ во Австрија, 10. Интернационален натпревар за виола и виолончело во Шпанија (2008). Неговиот прв албум „Transforming Viola“ е издаден во 2019 година, а во 2022 година го издаде и вториот „Viola à L’Ecole de Paris“. Студирал на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Минхен, а потоа продолжил на академијата „Кронберг“. Свири на виола изработена од Антонио Мариани од 1646 година, позајмена од приватна колекција.

Skip to content