Габор Холерунг
Габор Холерунг (Будимпешта, 1954) е успешен оркестарски и хорски диригент, добитник на наградата „Франц Лист“, а ја носи и титулата Заслужен уметник на Унгарија. Тој е извршен музички директор на Симфонискиот оркестар „Донани Ерне“, главен диригент е на Академскиот хор во Будимпешта и основач и уметнички директор на Меѓународниот хорски конкурс во Будимпешта. Студирал на колеџот за музика „Франц Лист“, со специјализација за хорско и оркестарско диригирање, а потоа го продолжил образованието посетувајќи мастер-курсеви со Ерик Ериксон и Курт Мазур. Неговата диригентска активност во Унгарија му носи успеси, од кои се издвојуваат: втор диригент на Симфонискиот оркестар во Мишколц и главен диригент и извршен музички директор на Симфонискиот оркестар „Донани Ерне“ од Будафок. Чест гостин диригент е и на сцените надвор од земјата, диригирајќи со повеќе европски оркестри, а бил и прв гостин диригент на Симфонискиот оркестар во Ерусалим, гостин диригент на Израелскиот филхармониски оркестар, на Симфонискиот оркестар во Синсинати, Бразилскиот симфониски оркестар, Симфонискиот оркестар во Шангај, Националниот симфониски оркестар на Тајван. Добитник е и на наградата Витез на крстот од Орденот за заслуги на Унгарската Република.
Назад
