Владимир Костов

Владимир Костов е роден во Битола  , каде го започнува своето музичко образование. Студиите по виолина ги завршува на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Михајло Куфујонакис. Магистрира во класата на истот профеоср, а стручно се усовршува кај повеќе истакнати педагози меѓу кои: Сихана Бадивуку, Благоја Димчевски, Корнелија Бронзети, Ирина Бочкова, Наталија Пришепенко и др. Посетува мајсторски курсеви за камерна музика предводени од светски познатите „Медичи“ Квартет (Шведска), „Артемис“ Квартет (Германија) и Квартетот „Миро“ (САД). Во 1999 година е избран како едиствен претставник од Македонија во реномираниот Светскиот оркестар на Музичката младина, настапувајќи на турнеја во Европа, Америка и Азија и соработувајќи со врвни диригенти (Јаков Крајцберг, Курт Мазур) и солисти (Ана Софи Мутер, Џејмс Енес, Даниел Милер Шот). Со овој оркестар ,на концертните турнеи во 1999, 2000 и 2005 има неповторлива можност да свири во најпознатите концертни сали во светот - Национален Арт Центар Отава, Линколн Центар, Универзитетот во Харвард, Берлинска Филхармонија, Гевандхаус во Лајпциг, Келнска Филхармонија, Концертхаус Берлин , Концертхаус Виена, Шпанија, Полска, Кина итн. Настапува и со оркестарот Исток-запад во Алтенбург (Германија), а во периодот 2000-2004 година е еден од професорите по виолина во Оркестарот на ЦЕИ. Камерната музика представува негов особен интерес и тој е член  на повеќе камерни состави оркестри и ансамбли меѓу кои: Камерниот оркестар за современа музика „Алеа“, камерното студио за барокна музика „Бахус“, квартетот „Бревис“, ансамблот за современа музика , , Кон Темпора, основач е на клавирското трио „ВАМ“ и многу други .Редовен член е на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, како и на Младинскиот оркестар на Музичка младина на Македонија. Настапува како солист со Македонската филхармонија и камерниот оркестар, како и на повеќе фестивали и манифестации во Македонија меѓу кои ,, Денови на македонска музика ‘’, ,, Есенски музички свечености’’ , ,, Охридско лето ‘’ , ,, Скопско лето’’ , ,, Битолско културно лето’’ , како и во странство -   Украина, Германија, Австрија, Велика Британија, Србија, Бугарија , Хрватска, Полска, САД...Член е и концерт мајстор на меѓународниот оркестар ,,Nо Borders’’ каде во концертната турнеја 2021 настапува и како сoлист . Добитник е на наградата ,,Георги Божиков ‘’. Основач е на фестивалот за млади виолинисти „Виолин Фест“. Моментално работи како концерт- мајстор во Македонската филхармонија и како професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Skip to content