ВАЊА НИКОЛОВСКИ Се школува во Скопје, каде што на Факултетот за музичка уметност во 1992 година дипломира на одделот за диригирање (класа на проф. Фимчо Муратовски), а во 1993 година на одделот за композиција (класа на проф. Властимир Николовски). Во 1995 и 1996 година специјализира диригирање во Санкт Петербург на Конзерваториумот „Николај Римски Корсаков“, во класите на Илија Мусин и Михаил Кукушкин. Во овој период активно соработува со Јури Темирканов и Валери Гергиев. Мастер студиите по композиција ги продолжува во 1999 година во Скопје во класата на проф. Гоце Коларовски. Во деведесеттите години развива богата диригентска дејност настапувајќи со повеќе хорски и инструментални ансамбли во Македонија (меѓу кои и Македонската филхармонија, Хорот на Македонската радио-телевизија, хорот „Мирче Ацев“ и др.), а Македонската опера и балет е неговата матична куќа. Остварува и голем број настапи во странство: Санкт Петербург (Русија), Белград (Србија), Виена (Австрија), Порто (Португалија), а подоцна и низа настапи во САД (Феникс, Сан Диего, Вашингтон, Лос Анџелес …). Паралелно со ова активен е на полето на музичкото творештво, а неговите дела се изведуваат на „Деновите на македонска музика“, „Охридско лето“, средбите на музичките академии од поранешна Југославија. Во почетокот на овој век се преселува во САД каде што ја продолжува својата диригентска, педагошка и композиторска дејност. Во своето творештво минува низ различни фази. За време на студентските години, трагајќи по сопствен музички израз, неговите дела носат и неоромантичарски и неокласицистички елементи. Во ова време ги проучува и композиторските системи на Месијан и Шенберг и уште некои алтернативни правци преку кои се обидува да го пронајде патот за најавтентичен израз на своите музички инспирации и да воспостави (Битола, 13.01.1968) композитор и диригент ВАЊА НИКОЛОВСКИ директна и непосредна врска меѓу својата музика и публиката. Бескрајната творечка љубопитност подоцна го водат и во други творечки правци (минимализмот, џезот, фолклорот, не само на сопствената земја, туку и на другите народи од различни континенти. Сето тоа резултира со полустилистичко музичко творештво што би требало да биде синтеза на различностите во еден единствен музички универзум. Денес, со веќе изграден творечки стил, Вања Николовски во создавањето на своите дела приоѓа на интуитивен и рационален начин. Родените, создадените теми и идеи во сопствената свест се пуштаат „низ филтерот“ на сопствената творечка вештина, низ сопствениот занает, и преку класичните начини на мотивска и тематска работа, низ разложувањето на вертикалните склопови во хоризонтални елементи (теми, мотиви и сл.), низ нивната комбинација се доаѓа до посакуваниот резултат. Притоа, особено важна улога игра ритмичката компонента. ТВОРЕШТВО ОРКЕСТАРСКО Зигурати, – за симфониски оркестар, (1991); Концерт, – за пијано и оркестар, (1995/97); Искон, – за гудачки оркестар, (2000); Турботранс, (2001); Kartchner Caverns Magic, – за симфониски оркестар, (2011-2013); ВОКАЛНО-ИНСТРУМЕНТАЛНО Симфонија Виктима, – за хор, солисти и симфониски оркестар, (1992-93); КАМЕРНО Ноктурно и скерцо, – за виолина (виола) и пијано, (1986); Анданте и алегро, – за виолина и пијано, (1988); Три песни „Интима“, – за висок глас и пијано, (1988); Lamentoso, – за виола и пијано, (1989); Освета на мртвата птица, – за висок глас и пијано, (1989); Интродукција и рондо, – за кларинет и пијано, (1989); Трио соната, – за виолина, виола и пијано, (1990); Perverzum Mobile, – за контрабас и пијано, (1990); Трио, – за обоа, флејта и пијано, (1995); Satiricum Crebile, – за виолина и пијано, (1996); Nusbarok Suite, – за дувачки квинтет, (1996); Дуо, – за кларинет (сопран и тенор саксофон) и пијано, (1999); T he Crowd, – за четири саксофони, (2007); Sonata Aphrodisia, – за виолина и пијано, (2009); Oldcomer Suite, – за флејта и пијано, (2009); Parody Rondo, – за две флејти и пијано, (2010); Back to Normal, – за гудачки квартет, (2011); Moonlight Canyon, – за низок глас и пијано, (2011); Introduction 182 and Dance, – за виолина, виолончело и пијано, (2012); Јасник, – за глас и пијано, (2012); Дариадеми, – за каринет и виолончело, (2012); Кога времето ќе престане, – за сопран, бас и пијано, (2013); Dance of the Gallstones, – за флејта, кларинет, виолина, виолончело и пијано, (2013); ХОРСКО Со маки сум се родил јас, – за мешан хор, (1986); Ружа за јунакот, – за мешан хор, (1988); The Birds Homophony, – за мешан хор, (2009); Дафино…, – за женски хор, (2010);T he Lord‘s Prayer, Forever, – за мешан хор, (2011); Кољо…, – за мешан хор, (2012); Kyrie, – за мешан хор, (2013); СОЛИСТИЧКО Суита, – за пијано, (1986); Девет минијатури, – за пијано, (1988); Варијации, – за пијано, (1989); Романса, – за пијано, (1997); Sonata Promiscuica, – за пијано, (2010); Duckling‘s Journey, – за обоа, (2010); СОЛО ПЕСНИ Ракопис на дождот, – за висок глас и пијано, (1986);

Skip to content