Бурџу Карадаг

Родена е во Истанбул, Турција, каде што завршила музика на Државниот конзерваториум. Настапувала како солистка во родната Турција, но и во Франција, Германија, Италија, Луксембург, Белгија, Јапонија, Казахстан... Албумот со снимени дела од Фазил Сај, на кој настапува како солистка, ја доби специјалната награда „Ехо“. Во март 2012 година, Бурџу Карадаг настапува како солистка на светската премиера на Концертот за неи и оркестар од Фазил Сај со оркестарот на Филхармонијата во Манхајм, Германија. Во 2019 година го издава цедето „Ney in Ethno Jazz“, на кое свири традиционални песни од Анадолија во џез-аранжмани. Ајкут Коселерли, перкусии Роден е во Анкара во 1985 година. Дипломира на Факултетот за музички и изведувачки уметности на универзитетот Билкен. Во 2001 година станува член на Младинскиот симфониски оркестар на универзитетот Билкен, а во 2004 година и на Младинскиот оркестар на Анадолија, кој го води познатиот турски композитор и пијанист Фазил Сај. Од јануари 2013 година е перкусионист во оркестарот на Државната опера и балет во Самсун. Бил солист на многу премиерни изведби на дела од Фазил Сај – како Концертот за пијано и оркестар, балетската суита „Патра“, Концертот за кларинет и оркестар, Виолинскиот концерт „1001 ноќ во харем“, Концертот за неи и оркестар „Хезафрен“ и др.

Skip to content