Skip to content

Јуеменг Ли

Кинеската пијанистка Јуеменг Ли настапувала на многу престижни сцени во Велика Британија, Австрија, Германија и Кина, и соработувала со познати оркестри, како Берлинскиот симфониски оркестар, Лондонскиот симфониски оркестар, Кинескиот симфониски оркестар, Филхармонијата на Вухан... Неодамна настапи и како солистка во Виенската академска филхармонија. Добитничка е на првата награда на фестивалот „Бетовен“ во Бон, која ја добила на 10 годишна возраст, а по добивањето на втората награда на Кинескиот телевизиски натпревар по пијано во 2014 година, Јуеменг е оценета како „водечка ѕвезда во подем меѓу младите кинески пијанисти“. Се образувала во Централниот конзерваториум за музика во Пекинг, пред да добие стипендија за школување во Кралската академија за музика во Лондон. Нејзиниот репертоар опафаќа дела од сите музички епохи, а соработувала со музичари како Имоген Купер, Кристофер Елтон, Јоана Меккрегор, Паскал Девуајон.