Stefan Iliev
boria e parë
Роден е во 1996 година во Кавадарци. Како мал пројавува огромен интерес за музиката и за инструментот труба, па затоа во 2004 година се запишува во основно музичко училиште каде што го изучува инструментот труба во класата на проф. Златко Јованов и проф. Пере Мелов. Многу брзо напредува и како доказ за тоа се многубројните награди штоги добива во тоа време.
Во 2011 година се запишува во Средното музичко училиште„Сергеј Михајлов“ во Штип во класата на проф. Баже Костадинов. Со напорна работа и многу вложен труд, тој го завршува училиштето како првенец во генерацијата.Во 2015 година се запишува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Васо Ристов.Уште во почетокот на студиите бележи одлични резултати.
Има настапувано како солист со повеќе оркестри. Исто така, во 2015 година настапува со симфонискиот оркестар на Стара Загора, Бугарија. Покрај солистичката дејност, тој соработува и свири со камерен брас квинтет. Во 2016 година гостува во оркестарот Ensamble Modern наменет за модерна новокомпонирана музика во Wolfenbuttel, Германија. Истата година учествува во проектот “Give Music A Future” во Вилниус, Литванија.Во 2017 година, освојува прва награда и е лауреат на меѓународниот натпревар „Охридски бисери“ во Охрид. Како награда, исто така, се стекнува и со европски концерти во Санкт Петербург, Русија. Таму настапува со симфониски оркестар во престижната симфониска сала на Санкт Петербург. Во 2017 и 2019 година,настапува како солист со оркестарот на Македонската филхармонија. Има настапувано на „Златна лира“, „Денови на македонска музика“ и на многу други концерти и манифестации.Во 2019 година дипломира на Факултетот за музичка ументост во Скопје, а моментно е на магистерски студии во класата на проф. Васо Ристов.Вработен е како прва труба во Македонската филхармонија, член е на „Скопски брас квинтет“, соработува со Здружението на џез-музичари. Досега има освоено 23 награди,од кои најголем дел се први и специјални награди освоени на државни и на меѓународни натпревари.
Слободното време го користи за вежбање труба, гледање филмови и прошетки во природа.