Natasha Vasilevska
violinë
Родена е во 1970 година во Загреб во музичка фамилија.Од 1993 година е член на оркестарот на Македонската филхармонија.Дипломирала во 1992 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Зоран Димитровски.Во текот на студирањето е член и на камерниот состав на РТС со кој има реализирано голем број аудио и видеоснимки, главно, на македонски дела.Исто така, била член и на Младинскиот камерен оркестар, а позначаен е нејзиниот настап со делото Вивалди за четири виолони во b-moll.
Со Македонската филхармонија има остварено настапи во Европа – Италија, Франција, Шпанија, Романија, Хрватска, Србија, како и пошироко – Оман, Кина и др.Имала можност да соработува со врвни диригенти и солисти, како што се: Борис Березовски, Александар Кагановски, Иља Груберт, Иво Погорелиќ и др.
„Слободното време го поминувам секогаш со мојата фамилија и со моите драги пријатели. Сакам да поминувам време во природа, а мое хоби е планинарење“.