Marija Mihajllovska
violonçel
Започнува да свири виолончело на 12-годишна возраст во класата на проф.Маре Кочарева, а средното музичко образование го завршува во класата на проф. Паскал Краповски. Дипломира со највисока оценка cum laude на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф.Живко Фирфов. Во 2015 година, ги завршува и магистерските студии на ФМУ, во класата на познатиот чешки виолончелист Микал Канка од Прага.
Учествува во неколку интернационални оркестари, како што е “Yunge Orchester Akademie–YSO” во 2005/2006 година на турнеите во Швајцарија и на Балканот. Во 2008/2009 година, настапува со Европскиот оркестар CEIYO на турнеи во Италија, Австрија, Словенија, Романија. Во 2010 година е на турнеја во Берлин со Европскиот оркестар “Young Euro Classic Festivalensemble” со познатиот диригент-виолончелист Хajнрик Шиф. Во 2016 година, свири со скандинавскиот оркестар “Orkester Norden” на турнеја во Данска, Шведска и Финска под палката на познатиот диригент Лоренс Фостер. Настапувала како солист со Македонската филхармонија во 2011 и 2014 година, како и со оркестарот на ДМБУЦ, ФМУ и АРКО.
Добитник е на бројни државни награди, одржала бројни рецитали низ земјава, во рамките на „Скопско лето“ и во организација на КИЦ. Редовно настапува со својата сестра близначка Маја во дуетот чела “Twins cello”. Во 2021 година одбележува 10 години како постојан член на оркестарот на Музичка младина во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Шест години е дел од семинарите на проф. Астрит Селита од Тирана, а учествува и во мастерските курсеви на Имре Калман, Александар Књазев, Венцеслав Николов, Марк Купе, Детлеф Милке и Јоханес Мозер. На покана на селекторката на фестивалот „Охридско лето“, Гордана Јосифовска-Неделковска, во 2012 година, беше дел од затворањето на фестивалот на настапот на познатиот виолончелист Енрико Диндо. На покана на Симон Трпчески, во јуни 2011 година,настапи на негов концерт во црквата „Св.Софија“ во Охрид. Вработена е во Македонската филхармонија од 2015 година. Редовно снима музика за филмскиот оркестар F.A.M.E.’S.Таа е дел од филхармонискиот квартет „Филхармонија“.
Во слободно време обожава да патува, а хоби ѝ е пилатес и шопинг.