Lupço Çedomirski
klarinetë e dytë
Роден е во 1981 година во Скопје.Од 2006 година работи како кларинетист во оркестарот на Македонската филхармонија.Дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Иван Кочаров. Во 2008 година,посетува мастер-клас за современа музика во Грац, Австрија, во класата на проф. Ernesto Molinari. Има посетено мастер-клас часови и кај професорите:Karel Dohnal, Silvie Hue,Ronald Sebesta,Igor Frantisak, Jorge Montilla, Петко Радев.
Во учебната 2005/2006 година е избран за демонстратор по кларинет на Факултетот за музичка уметност во Скопје.Од 2006 до 2008 година, работи како хонорарен професор по кларинет во средните музички училишта во Скопје и во Тетово.
Има снимено три цедеа: 2007 – “French fantasy” (Debussy, Poulenc,Messager…. ), 2009 –”Macedonian Composers” (Canev ,Temkov,Nikolovski….), 2011 – “Ethno Jazz Stories”.
Има повеќегодишна активна изведувачка дејност како солист и како инструменталист во Македонската филхармонија, Музичката младина на Македонија, ансамблот за современа музика АЛЕА, Moving Art Ensamble, Градскиот дувачки оркестар на Скопје, ансамблот „Кочо Рацин“… Со овие ансамбли има изведувано музика од различни музички жанрови и има реализирано голем број концерти, аудио и видеоснимки и телевизиски настапи, како и концертни турнеи во Германија, Италија, Франција, Шпанија, Португалија, Англија, Белгија,Полска,Австрија,Чешка,Украина,Хрватска,Србија,Бугарија,Турција,Америка,Австралија,Јапонија,Оман и Кина.
„Различните музички стилови и жанрови за мене претставуваат огромен предизвик и отсекогаш се мојот животен двигател. Може секаде да ме видите како кларинетист, саксофонист или перкусионист, па дури и како диџеј. Oд концертни сали до ноќни клубови. Едноставно, сакам да свирам 24/7“.