Skip to content

Lidija Dobrevska

drejtues i violinave të dyta

Во Македонската филхармонија е од 1999 година. Дипломира на московскиот конзерваториум „Петар Илич Чајковски“ во класата на проф. Марина Јашвили.Работата како оркестарски уметник претставува долгогодишен и важен дел од нејзината кариера како виолинист.

Со различни камерни ансамбли, и како солист, учествувала на многу фестивали: „Скопско лето“, „Денови на македонска музика“, „Интерфест“ – Битола, „Бемус“ во Белград, „Нимус“ во Ниш,„Охридско лето“, настап со камерниот ансамбл „Музика балканика“ на„Камерфест“ во Приштина,настап на „Балкански форум“ во Солун со Балкански камерен оркестар и Балкански симфониски оркестар, настап во Ханој, Виетнам, со Виетнамската државна филхармонија на хуманитарниот концерт “Light your houp”, настап во Хо Ши Мин, Виетнам, на фестивалот “Autumn’s melodies”.

Педагошката дејност има важен дел во нејзиното професионално дејствување.

Во 2013 година, поканета е како предавач по виолина и по камерна музика на фестивалот “Beyond the music” Benasque, Шпанија.