Kirill Zllatanovski
kontrabas
Во Македонската филхармонија свири уште од раните факултетски денови. Дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Велко Тодевски. Од 2011 до 2017 година, работи како професор во Средното музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ во Тетово. Од крајот на 2019 година, тој е редовно вработен во оркестарот на Македонската филхармонија.
„Вљубеник сум во природата и уживам во планински прошетки“.