Jasmina Dragomanska

violinë

Родена е во музичко семејство, од најрана возраст другарува со пијаното, виолината и хармониката, инструменти на кои свирелнејзиниот татко. Била фасцинирана од звукот на виолината и љубовта која се родила при првиот контакт со овој инструмент трае до денес.

Музичкото образование го започнува кај проф. Билјана Гаврилска, а потоа продолжува и дипломира во класата на проф. Михајло Куфојанакис. Во текот на школувањето, учествува на сите републички и сојузни натпревари во тогашната СФРЈ на кои освојува највисокинагради. Учествува на летни кампови, семинари кај еминентни професори,како што се Марине Јашвили, Евгенија Цугаева, оркестарот на Музичката младина на Македонија.

Како стипендист на Македонската филхармонија, во текот на студиите е постојан соработник во оркестарот. Од нејзиното вработување во 1989 година, членува во Камерниот оркестар на Филхармонија. Свирела и во Гудачкиот квартет на Филхармонија со почитуваните Леонид Пејсахов, Фросина Балова и Лали Политковскаја, со кој реализира низа незаборавни музички доживувања во земјата и во странство. Има остварено повеќе концерти како дел од ансамблот „Скопски солисти“. Постојан соработник е на оркестарот на F.A.M.E.’S.

„Слободното време го поминувам во читање убава книга и во игра и прошетки со мојот златен ретривер. Максимално ја обновувам енергијата во мојот Охрид, на прошетка покрај најубавото езеро“.

Skip to content