Goce Uzunski

timpane

Роден е во 1974 година во Делчево. Основно образование завршува во с.Тработивиште, а во 1988 година се запишува во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, ударни инструменти во класата на проф. Емил Клан. Во 1992 година,продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Емил Клан, а во 1996 година дипломира во класата на проф. Зоран Спасовски со оценка 10 и специјална пофалница cum laude.

Од 1990 до 1999 година е хонорарен соработник во Македонската филхармонија, а од 1999 година е редовно вработен во Филхармонија на работно место – перкусионист.

Учествувал во повеќе камерни состави, Младинскиот оркестар на Музичката младина на Македонија и со различни ансамбли на манифестацијата „Денови на македонска музика“, како перкусионист.Во 1997 година, учествува на семинар во Алтенбург, Германија, кај проф. David Punto, прв тимпанист на Берлинската филхармонија.

Од 1995 година е член на етногрупата „Синтезис“ со која има реализирано над 500 концерти, презентирајки ја македонската музика во целиот свет – Америка, Австралија, Европа, Русија, Јапонија, Израел, Кина, Виетнам…Од 2020 година е тимпанист во Македонската филхармонија.

„Задоволство наоѓам во изработка и репарација на палици за тимпани. Татко сум на три деца– Јана, Јована и Димитар. Семејните вредности се длабоко всадени во мене уште од мали нозе и секој слободен момент го користам да се вратам во моето родно место“.

Skip to content