Eva Bogoevska
violinë
Родена е во 1999 година во Скопје. Почнува да изучува виолина на седумгодишна возраст во класата на проф. Анна Кондратенко. Уште во почетоците на нејзината музичка кариера, победува на меѓународниот фестивал за класична музика „Охридски бисери“ и добива покана за два концерта во Братислава, Словачка.
На 16-годишна возраст се запишува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, како најмлад студент во државата, на отсекот за виолина во класата на проф.Олег Кондратенко, и во 2020 година дипломира со највисок просек – 10. Добитник е на многу државни и меѓународни награди, меѓу кои позначајни се: прва награда на фестивалот „Сан Ремо јуниор“ во Италија во 2012 година,потоа луреат од прв степен на реномираниот меѓународен фестивал за класична музика во Санкт Петербург, Гран-при на Меѓународниот фестивал за класична уметност и култура во Ерусалим, прва награда на Интернационалниот натпревар за класична музика во Њујорк каде што како првонаградена реализира концертен настап во Карнегихол.
Повеќепати настапила како солист со Македонската филхармонија, како и со Националниот оркестар на Операта и балетот во Хо Ши Мин, Виетнам.Како солист има солистички настапи во Словачка, Малезија, Виетнам, Италија, Русија, Австрија, Чешка, Унгарија, САД, Израел, Франција, Португалија…
Во 2019 година,во Берлин,Германија, учествува со свој труд како претставник на Музичка младина на Македонија на Првата конференција зa нови начини во изведбите на класичните дела, организирана од Интернационалнат амузичка младина. Активно учествува и на домашните реномирани фестивали:„Скопско лето“, „Охридско лето“,„Денови на македонска музика“, „Златна лира“ и др. Од 2017 година, таа е член на оркестарот за филмска музика F.A.M.E.’S.каде што снима филмска музика, а од 2020 година е редовен член на Македонската филхармонија на работно место прва виолина.