Elena Talevska

violinë

Родена ево 1982 година во Битола. Нижо и средно музичко училиште завршува во родниот град, а паралелно посетува настава кај реномираниот виолинист Сихана Бадивуку. Дипломски и постдипломски студии завршува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Михајло Куфојанакис. Исто така, учесник е на бројни семинари под раководство на проф. Благоја Димчевски, Сихана Бадивуки, Ливиу Прунару, Корнелија Бронзети и многу други. Има освоено повеќе награди од областа на камерната музика на неколку државни натпревари, од кои позначајни се две први и две втори места. Учесник е на најреномираните македонски културно-уметнички фестивали, како што се „Охридско лето“, „Денови на македонска музика“, „Скопско лето“ и др.

Долго време учествува во оркестарот на Музичката младина на Македонија. Во 2002 година, како претставник од Македонија е избрана да учествува во оркестар составен од изведувачи од поранешните југословенски држави и од Европа, настапувајќи низ поголем дел од Европа. Исто така, учествува во интернационален оркестар со средиште во Италија. Како камерен изведувач се појавува во повеќе дуа, триа и слично,а моментално е прва виолина во квартетот „Вива стринг“, со кој има забележано повеќе настапи.

Од  2001 до 2006  година,работи хонорарно во Македонската филхармонија, а од 2006 година е редовно вработена како прва виолина тути, каде што членува и во Камерниот оркестар. Редовен учесник е и во оркестарот за филмска музика ММЕ уште од самото негово формирање, кој има постигнато значајни резултати.

Во слободно време практикува јога, а вљубеник е и во рекреативно возење велосипед.

Skip to content