Dragan Gonevski

violonçel

Роден е во Скопје каде што го добива своето музичко образование во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и на Факултетот за музичка уметност при УКИМ. Своето формално образование го комплетира со завршен втор циклус студии на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и се здобива со звање магистер по виолончело – соло-интерпретација. Дополнителното образование го надополнува со семинари и мајсторски курсеви со реномирани професори од Германија и Русија (Хартамут Брауер – соло челист на Гевандхаус оркестар Лајпциг, Јозеф Шваб – соло челист на Комиш опера Берлин, Уве Крогел – соло челист на Дрезден Штацкапеле и Кирил Родин – професор на конзерваториум „Чајковски“ во Москва).

Бил член на оркестарот на МОБ од 1997 до 2006 година, каде што од 2001 до 2006 година бил водач на групата виолончела. Остварува педагошка дејност во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“од 2010 до 2019 година и во неговата класа матурираат ученици кои се прифатени да студираат на реномирани универзитети во Лондон, Дрезден, Болоња и Прага. Член е на Балканскиот камерен оркестар под раководство на маестро Тошио Јанагисава со кого имал пет турнеи во Јапонија и концерти во Женева (Обединетитенации и Викторија хол), Виена (Концерт хаус), Белград, Сараево и Тирана. Со истиот оркестар има реализирано и две цедеа во јапонска и во германска продукција.

Skip to content