Daniell Apostollov
fagot i dytë
Роден е во Скопје во 1975година.Првите чекори во музиката ги започнува во нижото музичко училиште „ИлијаНиколовски-Луј“ во Скопје како ученик по пијано. По завршувањето, се запишува восредниот оддел и се определува да го изучува инструментот фагот како негова иднапрофесија.Дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје на вокално-инструменталниотоддел– фагот, како прв студент од дувачкиот оддел со највисоката оценка 10 (cum laude).
По завршувањето на студиите, примен е на Музичката академија во Љубљана на постдипломски студии како прв постдипломец на вокално-инструменталниот оддел – фагот. Во текот на додипломските студии и по дипломирањето, учесник е на неколкумајсторски курсеви: Летната академија „Моцартеум“ во Салцбург,Австрија (1995),фестивалот „Шлезвиг-Холштајн“ во Либек,Германија (1998), кај познатиот фаготисти педагог проф. Клаус Тунеман, како и курсот кај проф.Албрехт Холдер во Вајкерсхајм.Исто така, двапати членува во интернационалните оркестри што се одржуваа во Алтенбург(1996) и Бајројт (1998). Во 2002 година, во Вирцбург, Германија, ги завршува и уметничките постдипломски студии кај познатиот фаготист проф.Албрехт Холдер.
Уште од најрана возраст се истакува со својот талент и како ученик по пијано во основното музичко училиште е добитник на бројни награди. Во средниот оддел учествувана јубилејниот натпревар за дувачи во Херцег Нови (1991) и е добитник на прва награда,како и на високи награди на подоцнежните натпревари.Член е на Сојузот на музичките уметници на Македонија и членувал во триото „Мацедонико“ и „Скопски дувачки квинтет“.Своите први оркестарски искуства ги стекнува како соработник во Македонската филхармонија и во Словенечката филхармонија. Вработен бил во оркестарот на Љубљанската опера и балет (2000/01), како и во оркестарот на Мариборската опера и балет. Свирел во оркестрите на ФМУ, во Ревијалниот оркестар при МРТВ, Косовската филхармонија и др.
Активно учествува во концертниот живот во својата земја, како и во странство.Чест гостин е на сите домашни фестивали–„Скопско лето“, „Есенски музички свечености“, „Интерфест“ – Битола, „Охридско лето“, „Хераклејски вечери“, „Штипско лето“, како и на многубројниконцерти во Словенија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Италија и Германија.
На Факултетот за музичка уметност во Скопје, во 2005 година, бил избран за наставник по фаготво звање доцент и веќе има завршено една генерација дипломирани фаготисти. Моментално е вработен во Македонската филхармонија.