Bojan Illkoski

violinë

Роден е во 1992 година. Музичкото образование го започнува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, каде што ги завршува нижото и средното музичко образование, а првите контакти со виолината ги имана седумгодишна возраст со проф.Румен Димитриев и Зоран Џорлев. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф.Олег Кондратенко.

Има бројни настапи во земјата и надвор од нејзините граници: Романија, Србија, Хрватска, Бугарија. Има неколку настапи како солист со Македонската филхармонија, како и со Камерниот оркестар при ФМУ, а во 2009 година го одржал и својот прв самостоен целовечерен концерт во Даут-пашин амам. Со пијанистот Дино Имери основа камерно дуо и со него има бројни настапи во земјата и надвор од неа: на Европскиот концерт приреден од музичките и балетските педагози на Македонија, заедно со Europian union of music competitions for youth,свечено отворање на реномираниот натпревар „Охридски бисери“(2015),на фестивалот „А-фест“ во Нови Сад, Србија, рецитал во циклусот на концерти „Доаѓаме…“ (2013) во организација на КИЦ, во амбасадата на Шпанија по покана на амбасадорот Фернандо де Галаинена Родригез.

Во досегашното искуство како виолинист, вбројува и неколку соло-рецитали без пијано-придружба кои се од исклучителна важност и претставуваат огромен предизвик за секој инструменталист, воопшто. Со концерти од овој тип се претставува и на фестивалот „Златна лира 2017“ во организација на СМУМ . Заедно со Симфонискиот и Камерениот оркестар при Факултетот за музичка уметност има настапи во земјата и во странство (Хрватска, Босна и Херцеговина). Како камерен музичар, соработува со светски реномирани имиња како што е Франсис Дирој и светски познатиот виолончелист и диригент Марк Копеј. Има контакт и соработка со виолинистот Сретен Крстиќ, концерт-мајстор на Минхенската филхармонија. Исто така, член е на Меѓународниот младински камерен оркестар на Музичката младина под водство на познати и реномирани диригенти како што се Саша Николовски-Ѓумар, Миша Кац, Борјан Цанев, Дијана Илкоска, Елена Митревска, Емилио Перцан (настапи на „Охридско лето“, „Интерфест“ – Битола, „Скопско лето“).

Од неодамна е редовен член на Симфонискиот оркестар при Македонската филхармонија, како и член на оркестарот за филмска музика F.A.M.E.’S.

Skip to content