Филхармонија е институција која отворено соработува со македонските компании, фирми и претпријатија. Иако основната, главната финансиска структура ја реализира со помош од државата, од Министерството за култура, досега многу од проектите беа поддржани од компании кои имаат слух за културата и музиката како и нивното силно и неопходно влијание врз општественото живеење. Филхармонија на РСМ, особено во последниве две години, започна успешна соработка со некои од македонските компании, мегу кои: НЛБ Банка и Мастеркард, „Страбаг“, „Тиквеш“, „Дајнерс Клуб“, „ТТК Банка“, „Завар“, „Пакомак“, „Нула Отпад“, „Спортлај“, „Пелистерка“…

Со поддршка на овие наши драги пријатели, дел од концертите (проектите) на Филхармонија добија поинаква димензија, беа реализирани на највисоко професионално ниво со масовна посетеност и одличен одзив од страна на публиката. Некои од концертите на Филхармонија, на кои гостуваат врвни солисти и диригенти, а кои доагаат директно од најпрестижните светски концертни амбиенти, не би можеле да се реализираат доколку ја немаа поддршката од корпорациските партнери. Посетата на концертите на Филхармонија на РСМ со изградбата на новата концертна сала која се смета за еден од најмодерните објекти во нашата метропола, но и пошироко во регионот, доби една нова визура.

Токму затоа, и сите оние кои безрезервно ги поддржаа дел од досегашните проекти на оваа институција, добија нови пријатели но и исклучително позитивни повратни ефекти. Артистичкиот, едукативниот, како и социјалниот phone case lanyardreplica watch reportbrowse around this web-site карактер на Филхармонија немаше да биде возможен без несебичната поддршка од бројните компании и индивидуалци во текот на изминатите години. Постојат огромен број можности да се вклучите и заеднички да го подобриме музичко/културниот живот во нашата средина. Секоја можност нуди едни поинакви искуства и бенефити, како за вас така и за љубителите на музиката.

Генерален Спонзор
Пријатели на Филхармонија
Музичка работилница за деца
Гала Новогодишен Концерт

Генерален Спонзор

– Можност за користење на малата сала и помошните простории од новата зграда на Филхармонија, за ваш корпоративен настан со комплементарен 30 минутен настап по ваш избор на камерен оркестар од Филхармонија
– Покана за коктел (позади сцена) со дел од солистите и диригентите,
– Покана за присуство на генерална проба на дел од светски познатите артисти кои ке настапуваат со Оркестарот на Филхармонија
– Реклама поставена во фоајето од Генералниот спонзор
– Видео од 30 секунди кое ќе се емитува повеќе пати – на почетокот, паузата и на крајот од концертот
– За два ексклузивни концерти од програмата поддржани од генералниот спонзор ќе следуваат по 100 гратис билети
– 10 ВИП годишни карти (како и две паркинг карти) за сите концерти од редовната програма на филхармонија*
– За концертите од редовната програма следуваат по 50 гратис билети
– 5 ВИП билета за Новогодишниот концерт и коктел
– Brand awareness пакет +
(* Новогодишниот концерт, Љубовниот концерт,
како и Симфониските концерти за деца не се дел
од редовната програма на Филхармонија )

 

BRAND AWARENESS ПАКЕТ**


– Онлајн кампања (на Веб страница на Филхармонија, Facebook, Instagram, Twitter, YouTube)
– Веб-страница (банери и линкови до веб страната на спонзорот)
– Постери, флаери, брошури, серија од бреднирани материјали
– Делење на промотивен материјал
– Newsletter / Дигитална брошура и известување на нови активности, детали за настаните, информации за спонзорите, партнерите и поддржувачите
– Банери и лого испишани на ТВ екраните во фоаје, пред концерт и за време на паузата, испечатено лого на билетите

Пријатели на Филхармонија

– Покровител на концерт – 50 билети гратис
– 10 гратис билети за секој концерт од редовната програма *
– 3 ВИП билета за божиќниот концерт и коктел
– Покана за коктел (позади сцена) со дел од солистите и диригентите,
– Покана за присуство на генерална проба на дел од светски познатите артисти кои ке настапуваат со Оркестарот на Филхармонија
– Brand awareness пакет +
(* Новогодишниот концерт, Љубовниот концерт, како и Симфониските концерти за деца не се дел од редовната програма на Филхармонија )

 

BRAND AWARENESS ПАКЕТ**


– Онлајн кампања (на Веб страница на Филхармонија, Facebook, Instagram, Twitter, YouTube)
– Веб-страница (банери и линкови до веб страната на спонзорот)
– Постери, флаери, брошури, серија од бреднирани материјали
– Делење на промотивен материјал
– Newsletter / Дигитална брошура и известување на нови активности, детали за настаните, информации за спонзорите, партнерите и поддржувачите
– Банери и лого испишани на ТВ екраните во фоаје, пред концерт и за време на паузата, испечатено лого на билетите

Музичка работилница за деца

Атрактивен простор од 100м2 во приземјето на зградата на Филхармонија, веднаш до билетарата со засебен влез. Работилницата е концептуален проект, во кој ќе се одржуваат кратки музички едукативни работилници. Мултинаменски простор ќе служи како музичко студио во кое ќе има инструменти и озвучување како простор за вежбање (клавијатури, тапани, гитари, бас гитари итн) во кој ќе се случуваат мини концерти не само од класичната музика, туку и настани поврзани со фестивали, овој простор ќе служи како музичко студио во кое децата ќе создаваат музика.


– Кобрeндинг на целиот простор (име, комплетен брандинг на зидовите и од просторот)
– 2 Мини концерти
– 3 (пати) неделно (на 2 часа) користење на просторот
– 20 гратис билети за детските концерти на филхармонија
– 5 ВИП билети
– Банери и лого на веб страната
– Делење на промотивен материјал

Гала Новогодишен Концерт

Несекојдневен почеток на новата година со звуците на Филхармонискиот оркестар. Гала забава со коктел само неколку дена пред прославата на Новата 2020 и само ден по големата божиќна вечера.


ГАЛА НОВОГОДИШЕН
– 20 гратис билети за Новогодишниот концерт
– Покана и 5 ВИП билета за новогодишниот концерт и коктел
– Банери и лого испишани на ТВ екраните во фоаје, пред концерт и за време на паузата, испечатено лого на билетите.
– Делење на промотивен материјал

Skip to content