Виктор Илиески денеска и официјално е именуван за директор на НУ Македонска филхармонија!
На чело на првата национална музичка институција во земјава, Илиески дојде минатата година во месец август, извршувајќи ја досега функцијата в.д. директор. За време од една година, Илиески оствари значителни и видни резултати во работата на Македонската филхармонија, а неговата визија е оваа институција да продолжи да ја негува музичката култура на највисоко квалитативно ниво!