ЗВУКОТ НА ОРИЕНТОТ

ЗВУКОТ НА ОРИЕНТОТ

Диригент:
Солист:
Марсел Калифе

Професионалниот мешан хор “Про Арс“ е формиран 2011 година од диригентот Сашо Татарчевски по повеќегодишно делување во сферата на хорската уметност и анализа која укажа на недостаток на еден ваков ансамбл, кој професионално и пред сѐ квалитетно ќе одговори на потребите на музичката сцена во Македонија.

Предностите на хорот станаа видливи уште во првата година од неговата активност, презентирајќи висок квалитет на изведбите, мобилност и можност за изведба на широк репертоар со различна жанровска определба. Посебен акцент и посветеност се дава на веќе постоечкото македонско хорско творештво, но и на поттикнувањето на младите автори за пишување нова хорска музика. Во своето десет годишно делување, хорот оствари самостојни концерти со уметничка хорска музика, концерти на Денови на Македонска музика со праизведби на композиции од македонски и странски автори, концерти на реномирани фестивали како Охридско лето, Денови на македонска музика, Есенски музички свечености, соработка со разни фондации и здруженија во реализирање концертни програми со хетерогена жанровска определба. Од 2018 година хорот е редовен гостин на концертите со вокално-инструментална музика на Македонската филхармонија, настапувајќи не само со местро Татарчевски, туку и со диригенти како Густав Кун, Емил Табаков, Габриел Бебешелеа и др. Про Арс во последните седум години реализирал огромен број студиски снимки за едукативни програми,  солистички албуми, како и филмска музика за високобуџетни интернационални филмски остварувања во студиото ФАМЕС.

Од 2017 година хорот ја започна и својата меѓународна афирмација со настапите на престижни сцени во Солун, Софија и Виена.

Членовите на професионалниот хор Про Арс се млади, мотивирани, вокално образувани хорски уметници, комплетно подготвени за ефективна и професионална работа.

 

Диригент: Лубнан Балбаки (Либан)
Солист: Марсел Калифе – уд и вокал (Либан)

Мешан хор ,,Про Арс,,

Програма:

М.Калифе: “Chants of The East” (Sharq) for orchestra and choir

М.Калифе: Salamun Alayki

М.Калифе: Ya Nasima Rih

М.Калифе: Enhad Ya Saer

 

Следни настани