Skip to content

Ѓорѓи Цинциевски    Роден во Скопје, Македонија, Ѓорѓи ги завршува студиите во државното музичко училиште ,,Илија Николовски – Луј“, во класата на професорот Благој Маротов. Во 2000 тој ги продолжува студиите на престижната висока музичка школа – Royal Northern College of Music, во Манчестер, Велика Британија, со што се стекнува со диплома за завршени додипломски и постдипломски студии со одличен успех, во класата на професорот Јиржи Худец. По добивањето на најпрестижната солистичка диплома (Distinction in Professional Performance) што ја нуди оваа институција, диплома која само шест контрабасисти во историјата на отворањето на овој колеџ ја имаат добиено, добива покана и станува асистент професор по контрабас. Тој има соработувано со водечки светски музичари од калибарот на Валериј Гергиев, Бернард Хајтинк, Курт Мазур, Фабио Луизи, Сер Марк Елдер CBE, Даглас Бојд, Џанандреа Носеда, Василиј Синајски, Едо де Варт, Брајан Шембри, Јутака Садо, Пласидо Доминго, Ана Нетребко, Пјер-Анри Ксуреб, Дејан Богдановиќ, Николај Знајдер, Лоренс Рене, Вејн Маршал, Emil Tabakov, Sergey Sambatyan, Misha Maisky и многумина други. Има настапувано со некои од светски познатите оркестри како BBC Philharmonic, Hallѐ Orchestra, Malmo Symphony Orchestra, Vienna Radio Symphony Orchestra, London Mozart Players, Liepaja Symphony Orchestra, Manchester Camerata, Opera North, Northern Symphony Orchestra и многу  други. Ѓорѓи има учествувано на многу престижни фестивали низ целиот свет како што се: Salzburger Festspiele во Австрија, 27 Cantiere Internazionale D’Arte di Montepulciano во Италија, Vienna Modern Festival - Австрија, Rydale Festival – Велика Британија, Victoria International Arts Festival – Гоцо, Малта, Festival De Association Musicale des Deux Fleuves – Франција, Three Palaces Festival – Малта, CCDM International Double bass festival – Кина, Cadenza International music festival – Тајланд и останати. И покрај своите работни обврски како водач на секцијата за контрабас во Малтешката филхармонија, Цинциевски е активен солист и продолжува со образовната дејност; тој има одржано многубројни семинари, работилници и предавања во Велика Британија, Кина, Германија, Тајланд, Латвија, Куба, Сицилија, Полска и Малта. Ѓорѓи е исто така уметнички директор на Malta International Double bass Days I Joseph Sammut Malta International Double bass Competition– интернационален фестивал I natprevar за контрабас што се одржува во Малта секој септември, а од 2014 тој станува и заштитен уметник, солист – претставник на Pirastro Strings. Неговите соло изведби во музичкиот свет наидуваат на голем аплауз поради неговите добро познати технички способности, како и неговиот карактеристичен личен музички израз и експресивност. Vo 2018 godina premierno nastapuva kako solist so Makedonskata Filharmonija, izveduvajki go Koncertot za Kontrabas I Orkestar od Emil Tabakov, pod dirigentskata palka na samiot Mro. Tabakov. Неговата страст за пресоздавање исклучително вешти и сложени транскрипции за контрабас дава една интересна нова димензија. Па така, поради неговата интернационална прочуеност на тоа поле, со цел неговата истражувачка дејност да придонесе уште поголем развој на светскиот репертоар за контрабас, тој е поканет од универзитетот во Малта да ги посетува докторските студии, кои веќе се во тек. Неговата транскрипција на ,,Голдбергoви варијации“ (Goldberg Variation BWV 988) од Јохан Себастијан Бах за гудачко трио на виолина, виола и контрабас, е прогласена како прва и единствена во светот наменета за овие инструменти, и ја има добиено наградата Најдобра транскрипција на најпрестижното европско биенале за контрабас (Double bass European Bienale) во Холандија, во 2014. Оваа транскрипција, и многу други, како транскрипциите на: ,,Елегија Оп.3 бр.1” –  за контрабас и пијано од Сергеј Рахманинов, ,,Реквием Оп.66” за три контрабаса и пијано од Давид Попер, ,,Трио Оп.8, бр.1” за виолина, контрабас и пијано од Јоханес Брамс, се ексклузивно издадени и достапни ширум светот од една од најпрестижните светски издавачки куќи Hoffmeister Editions во Лајпциг, Германија. Vo 2020 Gjorgji, zaedno so Makednoskiot kompozitor Temkov Damjan, ja izdavaat knigata “Tri Makedonski Piesi za solo Kontrabas” za Hofmeister editions, I so toa se vbrojuvaat vo prvite Makedonski umetnici koi izdavaat sopstveni dela so ovaa preszina izdavacka kuka. Ovie dela premierno bea izvedeni na Festivalot Ohrisko Leto 2020. Снимката од неговата лична транскрипција на ,,Голдбергови варијации“ за гудачко трио од Ј.С.Бах е поздравена и опишана од музички критичари и академици како неверојатно успешен потфат кој ќе остави трага во светската музичка историја и музика за љубителите на музиката, мелем за душа. www.cincievski.com