„МЛАДИТЕ ДОАЃААТ“, НАСТАП НА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ СО ФИЛХАРМОНИЈА

„Младите доаѓаат“ е насловот на претстојниот концерт на Филхармонија кој ќе се одржи овој четврток, на 23 мај во 20 часот.

Следејќи ја традицијата, и оваа година со Филхармонија ќе настапат млади, талентирани музички уметници, ученици од државните музички училишта во земјава, кои се избрани по пат на аудиција.

Под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, ќе бидат изведени дела од Крајслер, Виењавски, Дворжак, Бетовен, Монти, Маскањи, Штраус, Рахмањинов…

На годинашниот концерт „Младите доаѓаат“ како солисти ќе се претстават: Иван Милосов – виолина (VI основно, ОМУ „Ристо Јуруков“, Кочани), класа: проф. Петар Поповски; Наоми Георгиевска – виолина (III средно, ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје), класа: проф. Олег Кондратенко; Танер Мачев – кларинет (I средно, ДМУЦ „Сергеј Михајов“, Штип), класа: проф. Игор Димов; Ева Живковска – соло пеење (III средно, ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје), класа: проф. Имери Мустафа; Леонардо Димоски – виолина (IX основно, ООМУ„Ордан Михајлоски-Оцка“, Прилеп), класа: проф. Љупчо Трајаноски; Дани Жоговска – пијано (III средно, ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје), класа: проф. Огненка Герасимовска-Димитровска; Сања Димова – соло пеење (IV средно, ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, Штип), класа: проф. Ѓорги Димитров; Хелена Мочевиќ – соло пеење (III средно, ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје), класа: проф. Гонца Богоромова; Александра Гическа – пијано (III средно, ДМУ, Битола), класа: проф. Маја Божиновска.