ГАБРИЕЛ БЕБЕШЕЛЕА – ОД ДЕНЕСКА ШЕФ-ДИРИГЕНТ НА ФИЛХАРМОНИЈА!

ГАБРИЕЛ БЕБЕШЕЛЕА – ОД ДЕНЕСКА ШЕФ-ДИРИГЕНТ НА ФИЛХАРМОНИЈА!

Новата сезона на Филхармонија почнува в четврток (20 часот) со концерт симболично насловен „Музика на два метри“ на кој ќе прозвучи антологиското дело за два гласа и оркестар „Песни за земјата“ од Густав Малер. Како солисти ќе настапат тенорот Корби Велч (САД) и мецосопранистката Хајке Веселс (Германија). Диригент е Габриел Бебешелеа од Романија, новиот шеф диригент на Филхармонија.

–Исклучително сме среќни што по неколкумесечна пауза повторно се враќаме на сцена. Почетокот на сезона беше навистина тежок, но откако ги изработивме протоколите за заштита можеме конечно да почнеме, во строгоконтролирани услови кои ќе обезбедат заштита и на музичарите и на публиката. Како што веќе ве информиравме ќе се продава 30 отсто од капацитетот на големата сала или околу 300 билети – вели директорот Виктор Илиески.

Во рамките на конференцијата за печат беше исто така најавено новото повеќегодишно спонзорство на Филхармонија со НЛБ Банка и Мастеркард кое ќе донесе нови можности за соработка и подигнување на квалитетот на музичката програма и воопшто работењето на оваа реномирана институција.

-Исто така ни причинува големо задоволство со вас да ја споделиме информацијата за повеќегодишнотостратешко спонзорство на Филхармонија со НЛБ Банка и Мастеркард кои ни ја понудија нивната безрезервна поддршка вопериод од четири годинни. Оваа соработка и партнерство е потврда за заедничките вредности и посветеност кои ги делиме со овие два реномирани бренда.Им благодариме за несебичната доверба, верувам пред нас се уште многу успешни концерти за паметење – истакна Илиески.

Целокупната програма во новата сезона е изработена во согласност со параметрите за заштита и вклучува дела кои може да се изведат со помал состав.

-Избравме дела кои може да се изведат со помали состави, за да има простор за дистанца на сцена. Дел од концертите се проекти кои требаше да се реализираат минатата сезона – Концертот со ЈерухамШаровски и ДаниелеАкта, настапите на ДмитриМаслеев, Миша Бругергосман, Шерон Ковакс… Во новата сезона ќе настапат исклучителни солисти како руската виолончелиститка Анастасија Кобекина, виолистот ТимотиРајдаут, виолинистот Филип Квинт и други уметници кои во моментов се актуелни на светската музичка сцена. – вели Илиески.

Оркестарот во новата концертна сезона ќе говодат диригентите Антони Вит, Емил Табаков, Конрад ван Алфен, Кристијан Рајф…

-Поголем дел од концертите ќе ги води и нашиот нов шеф диригент Габриел Бебешелеа. Тоа што Филхармонија по две децении повторно добива шеф –диригент е исклучително важно за нашата институција. Претходно шефови диригенти биле Ванчо Чавдарски, Тадеуш Козловски, Андреј Андреев, Леонид Николаев. Значаен е и придонесот на Борјан Цанев кој до лани, пред да замине на ФМУ беше матичен диригент на Филхармонија. Секој од нив оставил трага во развојот на оркестарот, но и во креирањето на програмскиот концепт на иституција. Последниве години бевме во потрага по шеф –диригент, неизмерно сме задоволни што успеавме со маестро Бебешелеа да постигнеме договор за соработка која ќе трае две години. Улогата на шефот диригент за секој оркестар и институција е многу важна, бидејќи тој игра голема улога во креирањето на програмската политика, согласно капацитетот на оркестарот и секако во подигањето на квалитетот и звукот во оркестарот.- нагласи директорот на Филхармонија.

– Имав можност да работам со орекстарот на Филхармонија и она што ме импресионираше е желбата на овој оркестар да свири добро. Имавме големи планови за програмата, но тие делумно пропаднаа поради пандемијата со ковид 19. На отворање свириме исклучително дело „Песни за земјата“ кое одлично кореспондира со целокупната ситуација – вели маетро Бебешелеа.

На тенорот Корби Велч и мецосопранистката Хајке Веселс кои ќе настапат на концертот во четврток ова им е прв настап по шест месеци.

– „Песни за земјата е исклучително дело“ посебно последниот став кој претставува победа на смртта. Станува збор за фантастично дело и одличен избор за почеток на сезона во вакви услови – велат двајцата солисти.