Нашата нова концертна сала

Ако градиш нов дом, сите ти посакуваат среќа. Ако градиш нов дом за сите, тогаш среќата можат и сите да ја допрат.

  • П
  • В
  • С
  • Ч
  • П
  • С
  • Н
Македонска Филхармонија

Македонската филхармонија доби свој концертен простор, нов музички храм во кој ќе можат да се остваруваат визиите. Амбиент во кој музиката, како универзален јазик, ќе царува во својата комоција. Оваа нова архитектонска градба е и редок урбан симбол на градот Скопје. И таа не е дом само на Македонската филхармонија. Ќе биде дом за сите оние што ќе се сладат со нејзините културни содржини. Ќе биде белег по кој треба да се препознава културната матрица на нашата метропола.

Драги вљубеници во музиката, добредојдовте во нашиот нов музички храм, нашата градска икона, во зградата што танцува!

Заедно да откриваме нови музички предели. Зашто, ова е наше, ама и ваше духовно прибежиште.

Da Capo All Infinito

(Обраќање на Марко Коловски по повод 73-от роденден на Македонската филхармонија)   Имам посебна чест вечерва, на роденденот на нашата и вашата Македонска филхармонија, да ви се обратам ...

Секое дете има право на концерт!

Утре, 20 ноември, е Меѓународниот ден на детето, востановен 1954 година од УНИЦЕФ - фондот на Обединетите нации кој се грижи секое дете во светот да ги ужива своите права, да расте и да се развива до својот полн потенцијал ...

Едукација и Деца

 

Македонската филхармонија продолжува со редовните Симфониски концерти за деца. Вообичано, концертите се одржуваат во саботите и започнуваат во 12 часот.

 

На 18 ноември во 12 часот, во големата сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи Симфонискиот концерт за деца „Магичен глас“ на кој како солист ќе настапи сопранот Билјана Јосифов. Аниматор на концертот е актерот Мартин Јордановски, миленик на детската публика. Концертот ќе се одржи под диригентската палка на Дијана Илкоска-Имери. Приказната се однесува за едно момче кое сака да стане оперски пејач и сонува сон во кој тој навистина пее оперски арии. Во сонот, се појавува добрата вештерка, која е всушност оперска пејачка, и се обидува да му го оствари сонот. Вештерката доаѓа на коњ, наместо на метла, ја бркаат здодевни бумбари, потоа ја носи звукот на трубите, за на крајот да се претвори во дрвена кукла... Приказната е полна со хумор и изненадувања и прекрасна музика соодветно избрана за најмладите слушатели.

 

До крајот на годината, ќе се одржи уште еден Симфониски концерт за деца, Новогодишен концерт под наслов „Новогодишни волшепства“ кој ќе донесе музика од класичната литература наменета за оваа пригода. Новогодишниот концерт за деца ќе се одржи на 23 декември во 12 часот и ќе донесе многу изненадувања врзани за најубавите празници во годината.