МЛАДОСТ, СРЕЌА, ИДНИНА

17.09.2020 [Thursday] @ 20:00
Редовна програма / Концертна сала

Р. Шуман: Концерт за виолончело и оркестар

Ф. Менделсон: Симфонија бр. 3

 

Концертот за виолончело во а-мол, оп. 129 од Роберт Шуман бил напишан за неверојатни две недели, меѓу 10  и 24 октомври 1850 година, кратко откако композиторот станал музички директор во Дизелдорф.
Концертот никогаш не бил отсвирен за време на неговиот живот. Премиерно бил изведен на 23 април 1860 година, четири години по неговата смрт, во Олденбург, со Лудвиг Еберт како солист. Со години овој концерт бил заборавено ремек-дело. 
Делото е прилично комплексно и бара голема техничка подготвеност од солистот, иако во него доминира поетската експресија наспроти виртуозноста. Творештвото на Шуман е прилично емотивно и ги следи стилските рамки на романтизмот, таков е и овој концерт – емотивен и драматичен. 
Шуман никогаш не бил голем пијанист, бил ужасен диригент, а понекогаш и не толку добар композитор. Но, од неговата музика извираат соништа и неверојатно вивидна фантазија. Бил вечен романтичар, а тој негов сензибилитет е движечка сила во неговото творештво, секогаш полетен и жесток, секогаш доследен на својот идеал.
Роберт Шуман напишал за Менделсон дека е „Моцарт на 19 век, брилијантен музичар, единствениот кој успеал да ги согледа контрадикциите на времето и да ги реши во својот музички опус“. Mузиката на германскиот композитор Феликс Менделсон (1809 – 1847) ретко провоцира, таа главно ги следи и надградува принципите создадени во претходните музички епохи, го интегрира и реоткрива на индивидуален начин музичкото наследство создадено од претходниците. Неговиот музички стил е оригинален, но не и радикален. Опусот му е совршен микс на класичната пропорционалност со романична жестокост. 
Музиката на Менделсон е класична во формата, романтична во природата, таа е убава, со силни емоции, инспирирана од „надворешни“ елементи, со дескриптивни наслови, но далеку од програмските интерпретации...
Таква е неговата трета симфонија т.н. „Шкотска“, која ја напишал инспириран од патувањето во оваа земја во 1829 година. 
Иако ова била негова петта и последна симфонија, нумерирана е како трета, зашто била публикувана под овој број. И насловот „Шкотска“ бил додаден подоцна, а Менделсон самиот никогаш не сугерирал на шкотската инспирација во оваа симфонија. 
Во симфонијата нема шкотски фолклорни теми. Таа е деликатен атмосферски и пејзажен приказ и посвета на нејзината култура. Токму тој емотивен приказ ја претставува музичката суштина на ова симфониско дело кое во себе ја носи препознатливата едноставност на Менделсон, проткаена со широк спектар од емоции и бои. 

  • M
  • T
  • W
  • Th
  • F
  • S
  • S
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
  • 18
  • 19
  • 20
  • 21
  • 22
  • 23
  • 24
  • 25
  • 26
  • 27
  • 28
  • 29
  • 30