ПОЛЕ ЗА ИГРА

08.10.2020 [Thursday] @ 20:00
Редовна програма / Концертна сала

Диригент: Сашо Татарчевски

Солист: Ајман Мусахоџаева (Казахстан)

Ф. Менделсон: Концерт за виолина и оркестар

Allegro molto appassionato

Andante

Allegretto non troppo – Allegro molto vivace

 

Ј. Хајдн: Симфонија 96 „Чудо“

Adagio-Allegro

Andante

Menuetto-Allegretto

Finale:Vivace

 

Ф.Менделсон: Концерт за виолина и оркестар во е-мол, оп.64

 

Музиката на германскиот композитор Феликс Менделсон (1809-1847) е совршен микс на класичната пропорционалност со романтичарската жестокост. Неговиот музички стил е оригинален, но не и радикален. Концертот за виолина и оркестар во е-мол, оп.64 е едно од најпознатите негови дела и еден од омилените во солистичкиот репертоар. Станува збор за големо оркестарско дело кое Менделсон го пишувал шест години. Му го посветил на Фердинанд Давид, близок пријател и концерт мајстор во оркестарот во Лајпциг. Додека го пишувал бил во постојан контакт со Давид кој му дал многу сугестии. Овој концерт е еден од најизведуваните дела во виолинскиот репетоар, и бил инспирација за многу други композитори.

Има три става кои ја следат традиционалната концертна форма, иако во него Менделсон внел и иновативен пристап – како влезот на виолината на самиот почеток на делото, наместо подолгото оркестарското интро кое е типично за концертите создадени во овој период. Трите става се поврзани хармонски и мелодиски и секој од ставовите почнува без пауза.

Концертот за виолина и оркестар е вистинско ремек -дело. Најзначајното дело на Менделсон, но и најзначајниот, најпознат и најизведуван Концерт за виолина на светската музичка сцена. Драматичен и романтичен, виртуозен и елегичен.

 

Ј.Хајдн: Симфонија бр. 96 во Де-дур – „Чудо“

Јозеф Хајдн (1732-1809) е австриски композитор и една од најзначајните фигури во развојот на класичниот музички стил во 18 век. Тој ги поставил формата и стилот на симфонијата и гудачкиот квартет. Затоа го викаат и „татко на симфонијата“ и „татко на гудачкиот квартет“. Тоа што со години живеел како дворски музичар кај богатото семејство Естерхази, како што самиот велел „го направило да биде оригинален, бидејќи не ги следел тогашните трендови во музиката“. Му бил пријател и ментор на Моцарт и тутор на Бетовен.

Симфонијата број 96 во Де-дур ја завршил во 1791 година како дел од симфониите кои ги создал пред неговото прво патување во Лондон. Првпат била изведена во Лондон на 11 март 1791 година. Иако е четврта од дванаесетте Лондонски симфонии (93-104) таа била прва напишана и изведена. Позната е и како симфонија „Чудо“ зошто за време на премиерата се откачил еден од лустерите во салата. За среќа, лустерот паднал откако завршила изведбата, а публиката аплаудирала пред самата сцена. Така била избегната несреќа, и ниту еден посетител не бил повреден. Тоа се информациите врзани за насловот на симфонијата, иако некои понови истражувања тврдат дека овој инцидент се случил за време на изведбата на Симфонијата бр.102. Како и да е, останал насловот на ова дело на Хајдн. Симфонијата ги следи класичните музички формални и естетски рамки, напишана е во типичен стил на Хајдн – таа е едноставна, колоритна и моќна.

 

  • M
  • T
  • W
  • Th
  • F
  • S
  • S
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
  • 18
  • 19
  • 20
  • 21
  • 22
  • 23
  • 24
  • 25
  • 26
  • 27
  • 28
  • 29
  • 30
  • 31