Иван Наумовски

Бас-баритонот Иван Наумовски дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје (2013), во класата на проф. м-р Марија Муратовска, со највисока оценка Cum laude. Студиите ги продолжува на Универзитетот во Грац, Австрија, во класата на проф. д-р Том Сол, каде што во 2016 година магистрира со највисоки почести. Наумовски моментно е студент на Универзитетот во Виена, на мастер-студии во областа на Lied и Oratorio, каде што студира кај проф. Карлхајнц Ханзер и проф. Габриеле Фонтана. Како студент досега освоил награди на три балкански натпревари – во Македонија, Црна Гора и во Косово и имал повеќе настапи, меѓу кои концерт со оркестарот на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија, како и рецитали во различни градови во Македонија, но и на фестивалите „Скопско лето“, „Денови на македонска музика“, „Есенски музички свечености“ и на концертот по повод 50 години ФМУ, како и на концертот на пијанистот Симон Трпчески како гостин. Во Грац на Универзитетот учествувал во продукциите „Дон Џовани“, „Вива ла Мама“, „Волшебната флејта“, и одржал бројни концерти во различни градови во Австрија (Вергл, Виена, Грац, Велс, Вајц). Во 2014 година, Наумовски дебитираше на оперската сцена во Грац со улогата на Викомте Каскада во оперетата „Веселата вдовица“, поставена од реномираниот режисер Оливие Тамбози. Следува премиерата во Австрија на современата опера од Елизабет Наске - „Der Wuschpunsch“, каде што Наумовски ја толкувал главната улога на злобниот Ирвитцер, потоа проектите „Росини за деца“, концерт на оперското студио, за повторно да настапи во 2017 година како дел од нивниот ансамбл на натпреварот за режисери „Ring Awards“ со улогата на Малатеста. Добитник е на две стипендии - „Best of South East“, и на културното американско друштво (АИМС) во Грац, кое му донесе многубројни настапи, а исто така настапува и со оркестарот во „Музиквереин“ во Грац. Во 2014 година настапи во Осло, Норвешка, а во 2015 година ја доби македонската награда „Виртуози“ во категоријата млад уметник. Во мај во 2016 година дебитираше во Македонската опера и балет на отворањето на „Мајски оперски вечери“ со главната улога во истоимената опера „Евгениј Онегин“. Во 2017 година имаше можност да настапи заедно со австрискиот сопран Ева Линд, како гостин на нејзините концерти, и да настапува во Бајрот, во Вила Ванфрид (домот на Р. Вагнер). Досега има посетувано мастеркласи кај најреномираните оперски педагози: Криста Лудвиг, Бригит Фасбендер, Карлхајнц Ханзер, Габриеле Лехнер, Хелена Лазарска

Сезона 2019/20

Емил Табаков

Бугарија

Тимоти Редмонд

Велика Британија

Николас Алтштед (виолончело)

Германија / Франција

Румон Гамба

Велика Британија

Питер Мур (тромбон)

Велика Британија

Премил Петровиќ

Србија / Австрија

Сара Касл (мецосопран)

Нов Зеланд / Велика Британија

Ален Бурибајев

Казахстан

Суат Арикан

Турција