Блерим Груби

Истакнатиот виолист Блерим Груби е роден во Скопје, каде што го почнува своето музичко образованние. Дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Љубомир Господинов (1989). Посетува мајсторски курсеви кај познатиот светски виртуоз на виола Јуриј Башмет. По студиите, почнува да работи во Филхармонија на РСМ, а во исто време ја развива и солистичката дејност, како и камерното музицирање и редовно настапува во реномирани ансамбли и на фестивали во земјите на поранешна Југославија, Италија, Германија, Австрија, Шпанија, Португалија, Норвешка, Јапонија, САД... Блерим Груби бил ангажиран и како водач на група виоли на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, на Ансамблот „Купрен“ во Скопје, на Трио под водство на проф. М. Куфојанакис, на Ансамбал-Вивенди-Приштина, Гудачко трио „Косова“..., а како солист настапувал со Филхармонија, со ансамблот „Скопски солисти“, Камерниот оркестар на Филхармонија, на Радио-телевизија Србија, на Радио-телевизија Тирана, со Оркестарот на Оперскиот Театар и Балет Тирана, Косовската филхармонија... Соработувал со многубројни истакнати диригенти и солисти, подготвувач е на програма за натпревари и конкурси во Скопје и во Приштина, иницијатор и основач е и на бројни фондации, а се јавува и како организатор на семинари за виола. Досега има снимено три албуми. Моментно е професор на Приштинскиот универзитет „Хасан Приштина“ и на Универзитет во Тетово. Во 2016 година му е доделена Државна награда од претседателот на Р. Косово, за работа и придонес во културата и образованието.

 

Сезона 2019/20

Емил Табаков

Бугарија

Тимоти Редмонд

Велика Британија

Николас Алтштед (виолончело)

Германија / Франција

Румон Гамба

Велика Британија

Питер Мур (тромбон)

Велика Британија

Премил Петровиќ

Србија / Австрија

Сара Касл (мецосопран)

Нов Зеланд / Велика Британија

Ален Бурибајев

Казахстан