Алена Баева

Алена Баева брзо се етаблира како еден од водечките виолинисти на нејзината генерација, со веќе завидна кариера зад себе и настапи со најдобрите светски оркестри и диригенти.

Баева е родена во 1985 во семејство на музичари. Првите часови по виолина ги добива во Алма-Ата, Казахстан на петгодишна возраст од познатиот педагог Олга Данаилова. Од 1995 година учи во класата на проф. Едуард Грач во Централното музичко училиште при Московскиот Конзерваториум „П. И. Чајковски“, а од 2002 – 2007 на самиот конзерваториум. Покрај формалното образование, Баева како протеже на М’стислав Ростропович учи во Париз во 2003 и на Академијата на Сеиџи Озава во Швајцарија која ја посетува од 2007 година.

На шеснаесетгодишна возраст Баева е добитник на Гран При на 12-от натпревар „Хенрик Виењавски“ во Полска (2001), како и награда за најдобра изведба на современо дело. Подоцна таа е добитник и на Гран При на натпреварот „Николо Паганини“ во Русија (2004), вклучувајќи ја и специјалната награда со која ѝ се дозволува да настапува една година со виолината „Виењавски“ изработена од Страдивариус во 1723 година. Баева исто така е добитник на златниот медал и наградата од публиката на натпреварот „Сендаи“ во Јапонија (2007).

Репертоарот на Алена Баева опфаќа повеќе од 40 концерти за виолина и оркестар. Покрај честите телевизиски и радио преноси на нејзините настапи низ Европа, Азија и Северна Америка, Алена исто така има и завидна дискографија која содржи дела од Брух, Шостакович, Шимановски, Дебиси, Пуланк, Прокофјев итн.

Алена Баева настапува со диригенти како: Владимир Федосејев, Пабло Ерас-Касадо, Кшиштоф Пендерецки, Сакари Орамо, Томас Зандерлинг, а особено долга соработка остварува со Валериј Гергиев и Владимир Јуровски. Нејзините партнери за камерна музика ги вклучуваат: Марта Аргерич, Јури Башмет, Стивен Исерлис, Николај Лугански и Миша Мајски, а редовен партнер ѝ е пијанистот Вадим Холоденко, со кој настапува повеќе од една декада.

Особено плодна соработка Баева остварува во Русија, каде редовно настапува со оркестарот „Марински“, „Музика Етерна“, Државниот академски симфониски оркестар „Јевгениј Светланов“ и Филхармонискиот оркестар  на Санкт Петерсбург. Низ Европа редовно настапува со Филхармонијата на Луксембург, Нордискиот симфониски оркестар, Филхармонијата на Стразбур, Филхармонијата на Штутгарт, а исто така и на фестивалите: „Балтичко Море“, Меѓународниот фестивал „Шопен“ во Полска, фестивалот во Еспињо, Португалија, фестивалот „Бели ноќи“ во Петерсбург итн.

Следните настапи ја носат Алена во Вајмар, Дизелдорф, Њујорк, Лил, Лондон и др. 

Сезона 2019/20

Емил Табаков

Бугарија

Тимоти Редмонд

Велика Британија

Николас Алтштед (виолончело)

Германија / Франција

Румон Гамба

Велика Британија

Питер Мур (тромбон)

Велика Британија

Ален Бурибајев

Казахстан

Суат Арикан

Турција

Корби Велч

САД/Германија

Хајке Веселс

Германија